Ноќта на 7. февруари, Маркеs Гејнс си заминал од локалот Чикаго Мариот, каде што работел како шанкер. Се придружил на неколку свои колеги на пијалок во клубот Мадер Хабард, а околу 4:15 купил кесичка чипс од блиската продавница. Од овој миг па натаму, камерите за видео надзор ги снимиле последните мигови од неговиот живот.

Во новообјавени снимки се гледа како Гејнс влегува во продавницата. Надвор, човек облечен во црно се конфронтира со обезбедувањето крај вратата.Кога Гејнс излегол од продавницата, истиот човек почнува да се расправа и со него. По кратка расправија, Гејнс се обидува да си замине, но човекот со дуксерот го удира и го соборува на улицата. Додека Гејнс лежи на земја онесвестен, околу него се собираат луѓе. Некои се наведнуваат кон него, но никој не го трга на страна од улицата, по која надоаѓа сообраќај. Семејството на Гејнс вели дека двајцата мажи кои притрчале кон него ги пребарале неговите џебови и му го украле мобилниот телефон и кредитната картичка.

mk

Во меѓувреме, вработен во продавницата се јавил во полиција. За тоа време, Гејнс сѐ уште лежел на улицата. Додека околу него бил насобран народ, неколкуте автомобили кои наишле ја одминале групата. Но, наеднаш луѓето си заминуваат, оставајќи го да лежи сам. И тогаш се случува ужасната кулминација кога од зад свиокот се појавува жолто такси и налетува право на него, прегазувајќи го. Четири часа подоцна, Гејнс починал како последица на здобиените повреди.

Гејнс бил студент на Универзитетот на Северен Мичиген, каде што студирал сценарио и режија. Родителите на Гејнс починале уште кога бил мал, и единствените роднини кои ги имал, неговата тетка Филис Нелсон и нејзината ќерка Дрексина Ленсон, липале од тага кога ја гледале снимката на која се гледа како никој од минувачите не му пришол напомош. „Дури и ако го обрабуваш, барем тргни го на страна од улицата“, искоментирала Дрексина низ солзи.

Некои сметаа дека за ова нереагирање е виновен т.н. „ефект на случаен минувач“, при кој кога има повеќе луѓе, никој не приоѓа напомош бидејќи секој си мисли дека ќе помогне некој друг.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено