Добитникот на џекпот од 76.3 милиони фунти на EuroMillions, лотарија на Британија, конечно е откриен, откако по 6 недели успеал да го провери ливчето.
Самовработениот градител Ендрју Кларк, од Бостон, Линколншир, не знаел дека е сопственик на најголемото досега неподигнато лото ливче во Велика Британија. Со навика да ги складира ливчињата во своето комбе, работел низ многу ладни и влажни зимски денови, не знаејќи дека станал мултимилионер.
Тој сфатил што добил откако внуката на неговата девојка, Луиз, го потсетила да си го провери ливчето. Вчудовиден, тој ѝ се јавил на партнерката, со која е во врска 4 години, Триша, и ѝ кажал: „Почни да бараш вила.“
„Беше околу 20 часот и гледавме телевизија кога Луиз ме потсети повторно за билетите. Конечно се предадов, го извадив пакетот од комбето и почнав да барам низ нив, методолошки од најстарите до најнови, почнувајќи од Лото, пред да тргнам кон моите EuroMillions ливчиња. Искрено сакав само да ја расположам Луиз, но не очекував јас толку да се расположам. Реков ‘Успеав. Добив 76 милиони фунти. Нема да кажам што ми кажа таа како одговор.“, вели 51-годишниот Ендрју.
Ендрју го купил ливчето од 76.369.806,80 фунти во локалната Пошта. Извлекувањето се случило на 2 ноември. Тој вели дека му е мило затоа што Луиз го „гњавела“ да ги провери ливчињата. Заедно со Триша купиле нова куќа и два автомобила, а планираат и да им помогнат на луѓето од семејството. Ендрју исто така изјавил дека се „пензионирал“.