Чистач во Саудиска Арабија, по потекло од Бангладеш, бил сликан како копнежливо гледал во излогот на една златарница во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Сликата била објавена на Инстаграм со коментар: „Овој човек заслужува да гледа само во ѓубре.“

cs01

Суровата објава го привлекла вниманието на филантропот Абдула ал-Кахтани кој на својата Твитер сметка Енсанијат (хуманитарност) покренал кампања да се најде човекот. По илјадници ретвитувања и споделувања на сликата на интернет, набргу луѓето почнале да увидуваат каде била сликана сликата, и тоа врз основа на одразот во стаклото на излогот. Така чистачот бил идентификуван како Назер ал-Ислам Абдул Карим.

cs02

Кахтани изјавил:

„Три часа по мојот твит, кој беше споделен преку 6000 пати, го најдовме.“

cs03

Кога луѓето на Твитер ја виделе втората фотографија, го прашале како можат да стапат во контакт со него, по што му пратиле подароци. Му овозможиле да си избере златен сет од истата златарница, а исто така добил и донации во готовина, Ајфони и телефони Самсунг Галакси, како и билет за да може да се врати дома. Една компанија за ориз пак му подарила вреќи со ориз.

cs04

Абдул Карим изјавил:

„Јас само си ја работев својата работа како чистач во општината и се најдов пред излогот на златарницата. Многу сум среќен поради подароците и многу сум благодарен.“

Сподели на Facebook
пати видено