Со седумнаесет деца за кои треба да се грижи, а згора на тоа и уште едно треба да се роди во јули, би можеле да си помислите дека најголемото семејство во Британија има и најмногу родителски грижи и стресови. Но, Ноел Редфорд е отворен за идејата да има уште деца. 45-годишниот маж кој со неговата сопруга Су и неговото бројно потомство живее во Моркам, Ланкашир, цели дека опуштената двојка ќе видат како ќе се одвива идното планирање на потомството.

„Не планираме повеќе да немаме деца, а па и не планираме да имаме уште. Ако се случи, нека се случи, така си правиме ние“, велат тие. „Су мисли дека ова ќе биде последното, но ќе почекаме и ќе видиме. Мотото на Су е никогаш не вели никогаш.“

Тие се венчале кога Су имала седумнаесет години. Инаку таа забременила на четиринаесет години, и со оглед на тоа што самата е посвоено дете, решила да го роди детето.

„Секогаш сакавме три или четири, но по третото и четвртото сфативме дека ни е убаво и продолживме и понатаму“, вели г-н Редфорд, признавајќи дека Су сега не ужива толку во бременоста како порано.  „Ни беше полесно откако се родија три деца. Тие си играат заедно, тоа е една од предностите на толку големото семејство“.

Кланот Редфорд се состои од Крис (27), Софи (22), Кло(20), Џек (19), Даниел (17), Лук (15), Мили (14), Кети (13), Џејмс (12), Ели (11), Ејми (10), Џош (8), Макс (7), Тили (6), Оскар (4), Каспер (3) и едногодишната Хали.

dc01 dc02 dc03 dc04 dc05

Сподели на Facebook
пати видено