Уште малку ќе дојде време за враќање на училиште, и за многу ученици ширум светот, особено оние кои имаат проблеми со читањето, ова може да биде доста стресно. Токму тоа, како дел од програмата Назад на училиште во Комиски Парк, Ајова, локалниот берберин Кортни Холмс решил да стори нешто посебно. Таткото на две деца решил бесплатно да ги потстрижува децата кои ќе му читаат.
„Децата ќе влезат, и јас ќе им речам: Појди до масата и земи книга која ти се допаѓа. Ако не можеш да ја прочиташ, јас ќе ти помогнам да разбереш и ќе ја читаме заедно“ изјавил Хомс за Ју-Ес-Еј Тудеј. „Да бидам искрен, се изненадив. Редот започна со четири деца, и по кратко време станаа дваесет деца, сите чекајќи да се потстрижат и волни за читање.