Се разбира да дојдете до него не е толку едноставно, ќе ви треба и многу среќа, а може и да ги загубите вашите 100 долари.

Хотелот Ширли бил изграден уште во 1886 година, во градот Бетунгра, Нов Јужен Велс. Двоспратната зграда во колонијален стил располага со 13 соби и неколку заеднички соби, создавајќи пријатна атмосфера на семеен хотел, популарен кај локалното население и посетителите. Кога актуелните сопственици на хотелот решиле да го продадат, тие се одлучиле за неконвенционално решение, кое воедно и му направи одлична реклама на хотелот.

Всушност тие на својата Фејсбук страна направија еден вид лотарија, а хотелот ќе го добие најсреќниот од сите кои ќе се пријават. За да учествувате во лотаријата, доволно е да платите само 100 долари, а потоа да се надевате за добра среќа. Сопствениците на хотелот објаснија дека победник ќе прогласат дури откако ќе соберат најмалку 20.000 кандидати за да ги надоместат трошоците за поправка на зградата, мебел, даноци и други директни и индиректни трошоци.

Ако направите проста математика, тие всушност го продаваат хотелот за најмалку 2 милиони долари, а среќлијата ќе го добие за 100. Во случај да има повеќе кандидати, профитот на сопствениците ќе се зголеми соодветно. Од друга страна, за потенцијалните учесници на лотаријата тоа е шанса за скромна сума да станат газди на хотел.

Сподели на Facebook
пати видено