Додека повеќето од нас не можат да издржат ниту неколку минути без да трепнат, актерот Паоло Балестерос успеа да го постави неофицијалниот светски рекорд и да ги зачуди сите.
Сигурно сите сме се нашле во ситуација да ја играме онаа игра на гледање во очи во која губи оној кој прв ќе трепне. Очите стануваат суви и црвени и ни се чини дека ја чувствуваме секоја прашинка. Сè на сè, да не трепкате не е пријатно искуство и повеќето луѓе едвај чекаат да ги затворат очите.
Филипинскиот актер Балестерос успеа да не трепка повеќе од еден час на филипинската телевизиска емисија Јадете Булага! Шоуто имало сегмет „Предизвик на нетрепкање“ и Паоло ја победил својата противничка Поулен Луна. Рекордот на Луна беше многу импресивен 30 минути и 44 секунди, но Балестерос ја однесе победата така што издржа еден час, 17 минути и три секунди без да трепне.
Актерот постави нов светски рекорд. За жал од Гинисовата книга на рекорди немаат официјален рекорд за најдолго време без трепкање, но велат дека човек по име Хулио Ј, од Колорадо, го држел претходниот рекорд од еден час, пет минути и 11 секунди.