Според најновите извештаи, светот се соочува со најголемата криза со вода, при што 844 милиони луѓе немаат пристап до чиста вода. Еден од главните проблеми што го предизвикува ова е загадувањето на водата.
За среќа, постојат луѓе како Рамвер Танвар од Индија, кои не можат да го игнорираат овој проблем и одлучиле да преземат нешто во врска со тоа.
Постојат суперхерои во реалниот живот кои се грижат за водата
Еден ден, 26-годишниот Рамвер Танвар сфатил дека езерата и мочуриштата во близина каде што се играл со своите пријатели кога биле деца, почнале да исчезнуваат. Исто така, многу мочуришта биле загадени и, наместо тоа, станале депонии. Тој одлучил дека е време да го промени тоа и да ги едуцира луѓето за важноста да имаат чиста вода.
Во почетокот не било лесно да се убедат селаните
Рамвер почнал првин да им одржува часови на локалните деца, а дури и тиа почувствувале дека мора да направат нешто за да се реши овој проблем. Рамвер им рекол на учениците да ги предупредат своите родители за постојниот проблем со загадувањето на водата и зачувувањето на водата. За жал овој метод не успеал бидејќи селаните не верувале дека може целосно да им снема вода за пиење.
Ако планината не сака да дојде до Рамвер, Рамвер ќе оди до планината
По ова тој тргнал од куќа на куќа и почнал да им го објаснува проблемот на луѓето. Потоа им кажал на учениците да ги договорат своите родители сите да се сретнат барем еднаш во неделата на едно исто место каде што ќе дискутираат за проблемот и ќе бараат решенија. Конечно работите тргнале и селаните го сфатиле проблемот со кој се соочуваат. Неговите напори биле признаени од страна на властите, а на состаноците официјално се викале „Јал Чаупалс“.
Трпението и напорната работа секогаш се исплатат
Рамвер и неговиот тим на волонтери, неговите ученици и нивните родители го отстраниле сето ѓубре од ова езерце. Не само што го исчистиле, туку и засадиле млади дрвца околу него. Подоцна тие ја поканија локалната администрација да дојдат и да ја видат нивнатареставрација. Добрата вест брзо се раширила и наскоро луѓето од другите села и области почнале да доаѓаат кај Рамвер за да побараат помош за враќање на нивните локални езера.
Паметен и добро осмислен систем за филтрирање
Благодарение на помошта на многу волонтери и ентузијасти, биле обновени десетици езера и мочуришта. Најважната работа во чистење на овие водни тела е да се спречи понатамошно загадување. Откако ќе се исчисти водата, тимот откопува одделна јама за собирање на ѓубре. Потоа инсталираат двоен систем за филтрирање: филтер направен од дрвени штици и парчиња треви, за да спречат поголеми и помали делови за отпадоци да не влезат во водата во иднина. Јамите и филтрите редовно се чистат еднаш неделно.
Патувањето продолжува
Владата на неговата држава му помогна и постави нешто што се нарекува „Армија ја чиста вода“ организации во секоја област на државата, а младиот херој сега е координатор на неговата област. Заедно тие се фокусираат на зачувување на водата во нивните области. За жал, владата нема фонд за овие типови програми за подигање на свеста, а Рамвер мора да ги троши своите пари за да продолжи со она што го започнал.