Кражбата на уметнички дела отсекогаш била популарна криминална активност. Во текот на историјата на човештвото, биле украдени бројни дела за различни цели – некои крадци биле ангажирани од богати и влијателни поединци кои сакале да поседуваат одредено ремек-дело, а други биле мотивирани од фактот што многу од работите чинат милиони долари.

Крадците на уметност обично се концентрираат на кражба на одредена работа, но има и такви грабежи што доведуваат до кражби на цели колекции. На пример, во 1990 година, непознати сторители, преправени како полициски службеници, успеале да изнесат 13 дела од музејот „Isabella Stewart Garden Museum” во Бостон, на приближна вредност од над 500 милиони долари.

Некои културно значајни слики, вклучувајќи го и познатото ремек-дело на Едвард Мунк, „Крик“, биле украдени многу пати, а потоа повторно откриени.

Делото кое моментално го држи рекордот за најчесто украдена слика на сите времиња е е Хјуберт и Јан ван Ејк, Гентски олтар, исто така познат како Обожување на мистичното јагне, кое се состои од 12 сложено обоени панели.

Неколку панели биле украдени од катедралата Св. Баво во Гент од Наполеон пред поразот во Ватерло, Германците грабнале неколку панели за време на Првата светска војна, еден непознат крадец украл еден од панелите во 1930-тите, а нацистите ги украле сите останати панели во раните 1940-ти. Иако повеќето од панелите биле вратени во катедралата, некои сѐ уште се водат за исчезнати.

За жал, многу украдени уметнички дела никогаш не биле пронајдени. Всушност, статистички, само околу 5 до 10 проценти од случаите на кражба на уметнички дела се успешно решени.

„Раѓањето со Свети Францис и Свети Лаврентиј“ на Микеланџело де Караваџо, насликана во 1609 година, е украдена во 1969 година од страна на Католичката црква во Палермо, Италија. Во моментов, таа е вклучена во листата на топ 10 кражби на ФБИ, а нејзината цена е околу 20 милиони долари.

Во мај 2010 година, „Гулаб со зелен грашок“ на Пикасо била украдена од Парискиот музеј на модерната уметност, заедно со неколку други вредни дела. Меѓународната истрага доведе до апсење на сторителот во 2011 година, но тој тврди дека сликата одамна не е во негова сопственост и дека ја оставил на депонија. Делото од 28 милиони долари никогаш не било пронајдено. Можеби било уништено заедно со другиот отпад во депонијата, но поверојатно е дека сторителот ги лаже властите.

„Булките“ на на Винсент ван Гог, проценети на 55 милиони долари, исчезнуваат двапати. Во 1977 година, таа била украдена од Египетскиот музеј „Мохамед Махмуд Калил“ и била откриена 10 години подоцна кога била продадена на црниот пазар од страна на продавач кој се обидел да ја продаде во Кувајт.

Во 2010 година, „Булките“ повторно беа украдени од истиот музеј во Египет, а иследниците се уште немаат трага од нејзината локација. Во моментов египетскиот бизнисмен Нагиб Савирис нуди награда од 175.000 долари за секој кој може да обезбеди информации што ќе доведат до пронаоѓање на сликата.

Конечно, двете највредни украдени слики, кои сè уште се водат за исчезнати, беа украдени во исто време за време на веќе споменатата кражба од музејот „Isabella Stewart Garden Museum”. Првата, „Бура во Галилејското Море“ на Рембрант, е единствениот морски пејзаж на уметникот и е вреден на 100 милиони долари.

Втората, „Концерт“ на Јоханес Вермер, се проценува на 200 милиони долари и е највредната слика во светот која сѐ уште не е откриена.

Сподели на Facebook
пати видено