Дизајнерите Тор те Кулве и Робер Мекентајр измислиле интелегентен систем кој на секого му овозможува да постави спирални скали на стеблото на дрво без да го оштетува и без да употребува алатки. Нивните скали се изработени од бреза и за стеблото се закачуваат со помош на ремени и дебели неопренски перничиња.
„Работевме со арборикултуралистите при Хампстед Хит за да се осигураме дека не го оштетуваме дрвото“, изјавил Мекентајер за Дезин. Дрвјата сепак би можеле да се оштетат доколку ова се употребува долгорочно, па така претпоставуваме дека овие скали би се користеле привремено. Според дизајнерите, за да се постават скали од седум метри, на двајца луѓе би им биле потребни три часа, но за нивното отстранување се потребни само триесет минути.