Повеќето жени ги прават овие нешта непосредно пред сексуалниот однос, а воопшто не се свесни колку грешат. Ако ги правите и вие, престанете, бидејќи така само правите сексот да се чини како лоша игра
Користите лекови против алергија
Антихистаминиците делуваат така што ја сушат слузницата, а дури можат да предизвикаат и сушење на вагината, поради што нема да можете да уживате во сексот бидејќи ќе бидете напнати и ќе чувствувате болка.
Јадете зачинета храна
Доколку пред сексот јадете зачинета храна, вашите интимни делови ќе го сменат и мирисот и вкусот, но исто така ќе предизвикаат и подуеност на стомакот и гасови. Затоа, внимавајте со зачините ако сакате да избегнете непријатности.
Премногу пиете
Алкохолот може да ве опушти доколку го пиете во умерени количества, но ако претерате, тешко дека ќе доживеете оргазам. Алкохолот е депресив, па така секоја чаша ја намалува шансата за оргазам.
Употребувате течност за плакнење на устата
Ова сигурно ќе ви звучи чудно, меѓутоа течноста за плакнење на устата на база на алкохол ќе ви ја исуши усната шуплина, што ќе направи да бидете подложни на ранички и сексуално преносливи болести
Се бричите
Со бричењето го отстранувате површинскиот дел на кожата поради што вашата кожа ќе биде почувствителна, а можеби ќе направите и неколку исеченици поради што уште повеќе ќе ја зголемите шансата да закачите некоја инфекција.