„Магичен скок“ (Magic Leap) е нова компанија, од Флорида, која досега има соберено 4,5 милијарди долари од вложувачи, а еден од нив е и Google. Тие сега работат на изработка на долгоочекуваните паметни очила, од кои што излегоа и фотографии од пријавата за патент. Magic Leap се смета за еден од лидерите во жешка технологија наречена зголемена реалност, која користи напредни компјутери и камери за интегрирање на графиката во реалниот свет.
Дизајнот на оваа пријава, првично поднесена во 2015 година, покажува тенки очила со сензори на левата и десната страна. Ова е второто јавно прикажување на дизајните на очила на „Магичен скок“. Извори кои се запознаени со хардверот на Magic Leap, изјавиле за Business Insider дека изгледот на производот на фотогарфиите и вистинските очила што се подготвуваат за продажба се скоро исти, но постојат разлики во хардверот, бидејќи вистинскиот хардвер е многу поголем, а во средината на очилата има сензор за длабочина.
Очилата имаат по една камера на секоја рамка, според извор кој тврди дека лично ги видел. Инвеститорите и други ВИП личности кои добиле демо верзија од очилата објаснуваат дека тие се многу помали од обичните очила за виртуелна реалност, но се поголеми од очилата „Snapchat Spectacles“. Биле опишани како очила за пливање со малку поголеми леќи.
Овие демо верзии оделе со два додатни дела, батерија со големина на два iPhone уреди наредени еден врз друг и посебен компјутерски дел со големина на пренослив CD плеер. Компјутерскиот дел се носи на ременот додека батеријата може да се смести во џебот на корисникот.
Технолошките гиганти, вклучувајќи ги Apple и Google (кои се и инвеститори во Magic Leap), неодамна објавија софтвер кој овозможува искуства со зголемена реланост на телефоните, но многумина од технолошката индустрија ја гледаат иднината на оваа реалност во очилата слични со оние на Magic Leap.