Фотографиите што ќе ги видите се од триесеттите години на минатиот век и на нив двајца луѓе придружуваат згрбавена личност со изразени мајмунолики усни и карактеристична свитканост на рацете. Изразот „АЛКА КОЈА НЕДОСТАСУВА“ е израз кој се употребува за јазот во човечката еволуција непотврден со археолошки пронајдоци кои би го поврзале мајмунот со современиот човек. Дали ова е клучот на загатката?

Овие слики биле објавени во холандското списание Хет Левен во 1937г. Според списанието, овој бизарен човек-мајмун бил пронајден во џунглите на Бразил.

ln01

Лицето на човекот навистина налкува на мајмун. Но, невообичаено е тоа што лицето му е мазно избричено и е уредно потстрижан.

ln02

Дланката му е свиткана на карактеристичен начин, потсетувајќи на рацете на нашите рани предци коишто ги употребувале и рацете при одењето, што можеби е доказ за автентичноста на фотографијата. Други пак велат дека гледаат линија на лицето кадешто наводно маската се спојува со кожата, што значи дека фотографијата е лажна.

ln03

Сподели на Facebook
пати видено