Не сите научни откритија се поздравувани и прифатени во моментот на нивното објавување. Почнувајќи од завидливите колеги до тесноградите и конзервативни институции, револуционерните научници морале да се борат со секаков вид на отпор.
Игназ Семелвајс и миењето раце
Во 1847 година, д-р Игназ Семелвајс стигнал до поразителен заклучок: докторите во болница во Виена кадешто тој работел пренесувале болест од мртовците кои ги дисекцирале на мајките кои ги пораѓале. Семелвајс побарал од докторите да си ги мијат рацете пред да присуствуваат на пораѓањата и стапката на смрт паднала на 90 проценти. Но имало еден проблем: Семелвајс не можел да објасни зошто миењето раце се покажало успешно бидејќи теоријата за бацилите сѐ уште не била откриена. Докторите биле навредени бидејќи зарем можело нивните раце, раце на џентлмени, да бидат сметани за нечисти. па така Семелвајс бил избркан од болницата и воопшто од Виена од страна на медицинскиот естаблишмент. Во 1865 бил испратен во лудница, кадешто бил претепан од стражарите и починал.
Субраманијан Чандрасекар и црните дупки
Астрофизичарот Субраманијан Чандрасекар во 1931 дошол до заклучок дека постои максимална маса за стабилноста на белите ѕвезди џуџиња – сѐ поголемо од тоа и ѕвездите би колабирале и би се претвориле во неутронска ѕвезда или црна дупка. Во тоа време неговата теорија била игнорирана од научната заедница, бидејќи црните дупки биле сметани за невозможно нешто. Артур Едингтон, негов постар колега, јавно го исмеал неговиот закучок. На крајот постоењето на црните дупки било потврдено и Чандрасекар добил Нобелова награда. Неговата граница за белите џуџиња сега е позната како Чандрасекарова граница.
Роберд Годард и ракетите
Роберт Годард во текот на целата своја кариера ги проучувал ракетите; во 1926 година ја изградил и лансирал првата ракета на течно гориво. Денес тој се смета за човекот кој го лансирал светот во вселенското доба. Но, во тоа време тој бил исмеван од печатот и игнориран од воените експерти на САД. Во 1919 тој поставил хипотеза дека би било возможно да се прати на месечината, на што новинарите отворено му се смееле во нивните весници. Во еден допис Њујорк Тајмс напишале: „Се разбира, се чини како да му недостига само она знаење кое секојдневно се дели со црпка во средните училишта.“
Додека Годард бил исмеван и избегнуван во САД, германските научници будно ги следеле неговите откритија и на него му припишуваат голема помош во развивањето на ракетата V-2, која обилно било употребувана за време на Втората светска војна.
Алфред Вегенер и континенталното поместување
Во 1912 година, метеорологот Алфред Вегенер предложил револуционерна идеја: Седумте континенти во светот некогаш биле една огромна земјина маса, и со текот на милиони години, тие се поместиле до нивната сегашна местоположба. Оваа теорија за континенталното поместување, израз скован од Вегенер, бргу била отфрлена од научната заедница, делумно бидејќи Вегенер не знаел да објасни зошто континентите се движат. Дури во крајот на 1950-те научниците ја откриле причината и Вегенер го добил заслуженото признание: поради тектонските плочи.
Галилео и хелиоцентризмот
Николај Коперник бил првиот кој во 1543 претпоставил дека Земјата се врти околу сонцето, а не обратно како што се сметало пред тоа. Неговото дело шеесет години се сметало за ерес, сѐ додека Галилео не почнал да го брани, поттикнат од набљудувањата кои ги правел со својот телескоп. Во 1610 година ги забележал месечините на Јупитер, при што тоа било првпат да се забележат објекти кои кружат околу друго небесно тело, освен Земјата, и така тој ја прифатил Коперниковата теорија за хелиоцентризмот. Шест години подоцна, католичката инквизиција и формално го прогласила хелиоцентризмот за еретичко учење и му забранила на Галилео да ги шири своите идеи. Во 1633 година, откако тој објавил книга во која го бранел своето тврдење, бил изведен пред суд, бил означен како еретик и ставен во куќен притвор сѐ до неговата смрт, девет години подоцна. Се разбира, со текот на времето се докажало дека Галилео бил во право.
Стенли Прузинер и прионите
Научниците сметале дека само бактериите, вирусите, габите и паразитите можат да пренесуваат болести, сѐ додека неврологот Стенли Прузинер не го идентификувал прионот, инфективен протеин. Дури и по неговото откритие, другите не му верувале. Тие мислеле дека протеинот кој нема генетски материјал, не може да пренесува болести. Денес знаеме дека болестите како кравјото лудило и Кројцфелд-Јакобовата болест се предизвикувани од приони. Прузинер за ова свое откритие во 1997 година добил Нобелова награда.
Бенет Омалу и ХТЕ
Во 2002, д-р Бенет Омалу извел утопсија врз познатиот рагби играч Мајк Вебстер (на сликата). И покрај тоа што тој умрел на педесетгодишна возраст, кога Омалу го прегледал неговиот мозок, забележал ткиво кое изгледало како да припаѓа на многу постар човек. Омалу оваа болест ја нарекол хронична трауматска енцефалопатија, која предизвикува симптоми како губење на помнењето, агресија, збунетост и депресија. Омалу прегледал и други починати рагби играчи – и тие сите имале ХТЕ. Откако Омалу ги објавил своите резултати, Националната рагби лига на САД се спротивставила, одрекувајќи дека постои такво нешто како ХТЕ. Докторите на платната листа на НРЛ на САД го предупредиле Омалу дека објавувањето на неговото истражување ќе ги убеди мајките дека рагбито е опасен спорт, што би ја уништило гирата. Денес ХТЕ е дијагностициран кај доста пензионирани рагби играчи.
Робин Ворен, Бери Маршал и стомачните чирови
Со децении сите сметале дека стомачните чирови биле предизвикувани од стрес и слаба исхрана. Роби Ворен и Бери Маршал, двајца доктори од Австралија, откриле дека еден вид на бактерија е одговорен за многу случаи на чирови. Отпрвин тие биле игнорирани бидејќи никој не верувал дека бактериите може да живее во силната киселина во стомакот. Бери Маршал отишол до таму што изел таква бактерија за да види дали ќе добие чир во стомакот – и добил, по што земал антибиотици кои го излекувале. По повеќе од деценија труд и работа на маргините на научната зедница, Ворен и Маршал биле прифатени откако Националниот институт за здравје објавил дека чирот го предизвикуваат бактерии. Во 2005 година двајцата доктори за својата работа добиле Нобелова награда.
Лудвиг Болцман и постоењето на атомите
Лудвиг Болцман се обидел да го убеди светот дека постојат атоми и молекули. Не успеал. Австрискиот физичар своите теории ги засновувал врз начинот на кој се однесуваат гасовите во присуство на атом, но во 1880-те и 1990-те научната заедница била многу поделена по однос на ова прашање.Болцман имал биполарно нарушување и во 2006 година извршил самоубиство, само две години пред Жан Батис Перен да ја потврди атомската природа на материјата.