Сите овие 15 места имаат едно нешто заедничко – тие се популарни дестинации за луѓето на кои до толку им е смачено од животот, што се решаваат на последниот чекор – самите да си го одземат.
Мостот над реката Јангце во Нанџинг
Во Нанџинг, град во Кина кој многу брзо се модернизира, постои озлогласен мост кадешто ден по ден, недела по недела, депресираните и измачени души си го одземаат животот. Се проценува дека во текот на последните четириесет години таму извршиле самоубиство повеќе од 2000 луѓе.
Голден Гејт
Од овој мост во Калифорнија, висок 67 метри, се убиле повеќе од 1400 луѓе, така што американската држава најпосле решила да стори во врска со тој проблем. Пред неколку месеци локалните власти изјавиле дека ќе инвестираат 76 милиони долари во челични кабли за да ги спречат потенцијалните самоубијци.
Шумата Аокигахара
Позната како „Шума на самоубиствата“, јапонската шума Аокигахара е најпознатата шума за самоубиства во стветот. Се проценува дека секоја година таму се случуваат повеќе од 100 самоубиства, и таму има толку многу трупови, што јапонската фамија Јакуза им плаќа на бездомниците да одат во шумата и да ги ограбуваат мртовците.
Нијагарини Водопади
Според историчарот Пол Громосијак, во периодот 1856 до 1985 овде се случиле 2780 познати самоубиства. Но, оваа бројка веројатно е многу повисока, бидејќи многу од телата никогаш не се пронаоѓаат.
Вулканот Михара
Во 1933 година, 21-годишната студентка Кијоко Матсумото извршила самоубиство фрлајќи се во вулканскиот кратер на јапонскиот остров Изу Ошима. Младата жена се впуштила во љубовна врска со нејзина колешка, но бидејќи во тоа време лезбејските врски се сметале за табу тема, таа и нејзината партнерка решиле да отпатуваат до вулканот за Матсумото да си го одземе животот на тоа место. Истата година во вулканот скокнале уште речиси 1000 луѓе, а до 1935 година таму се случиле уште 350 самоубиства. Едпидемијата на самоубиства на вулканот Михара на крајот завршила кога се зголемиле безбедносните мерки и кога патувањето таму во еден правец се прогласило за кривичен престап.
Бичи Хед
За да имате предвид колку е голем проблемот со самоубиствата на ова место, треба само да имате предвид дека таму се патролира 24 часа дневно, 7 дена во неделата, како обид да се спречат сите тие изгубени и скршени срца да извршат самоубиство.
Провалијата
Провалијата е назив за озлогласена карпа во заливот Вотсон крај Сиднеј, Австралија, која привлекла стотици луѓе кои се решиле да се убијат.
Лондонската подземна железница
Во случај да не сте знаеле, овој виадукт е вториот мост по број на самоубиства на американскиот континент, веднаш по Голден Гејт. Поради тоа, во 2000 година била изградена ограда за да ги спречи луѓето да скокаат од таму, убивајќи се.
Виадуктот Блур
Во случај да не сте знаеле, овој виадукт е вториот мост по број на самоубиства на американскиот континент, веднаш по Голден Гејт. Поради тоа, во 2000 година била изградена ограда за да ги спречи луѓето да скокаат од таму, убивајќи се.
Нуселски мост
Од овој огромен бетонски мост во Прага животот си го одзеле повеќе од 400 луѓе, скокајќи на валканите плочници и куќите под мостот.
Адвокатовата Глава
Пред речиси десет години, локалните власти во Отаго, Нов Зеланд, решиле да го затворат патот кој води до прекрасна знаменитост. Пред затворањето, мостот бил место кадешто над 13 луѓе си го одзеле животот за помалку од 10 години, што е диспропорционално висока бројка во однос на бројот на жители на малиот град.
Карпата Турисалу
Турисалу е карпа крај еден мал град во Естонија, висока 100 метри. За жал, својата популарност оваа карпа ја должи единствено на фактото што е едно од местата кадешто се случуваат најмногу убиства во цела Источна Европа.
Мостот Ерскин
Овој мост е еден од најозлогласените во Шкотска, кадешто според проценките се случуваат повеќе од 15 самоубиства годишно. Ова било повод да се постават знаци крај секоја патека која води до мостот, како и четири јавни говорници на двете ленти на патот од двете страни на реката.
Мостот на големата војвотка Шарлот
Од неговото отварање во 1966 година, овој мост станал познат повеќе по самоубиствата кои се случуваат таму отколку по самиот мост.
Мостот Ван Стаденс
Мостот Ван Стаденс бил отворен во 1971 година. Од неговото завршување си заслужил репутација на едно од местата кадешто се случуваат најмногу самоубиства, при што таму својот живот го завршиле повеќе од 100 луѓе.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!