Првично групата „Окупирајте го Медисон“ започна како протест против „1%“, т.е. против богатите елити, но денес основната цел на групата е да работат за да им помогнат на луѓето коишто имале помалку среќа во општеството. За време на протестот, многу од учесниците забележале дека поставуваат камп во непосредна близина на поразителен број на бездомни граѓани кои немале друго место каде да одат.

Благодарение на реализацијата на „Окупирајте го Медисон“, сѐ повеќе и повеќе граѓани на Висконсин, САД наоѓаат место за живеење. Само оваа година групата ќе заврши шест куќи во кои бездомните семејства ќе најдат засолниште. Куќите можеби се мали, но тие ќе направат голема разлика во животите на овие семејства. Не само што ќе претставуваат заштита од студот, туку и ќе бидат безбедни места кадешто ќе ги остават нивните вредни работи, за слободно да можат да побараат работа, да одат на училиште или да бараат други можности за вдомување. Дури поставиле и елка со светулки за претстојните новогодишни празници, нешто што многумина од нас го земаат здраво за готово.

Нацрт-планот на „Окупирајте го Медисон“ за населба со мали куќички. Покрај тоа што ќе претставуваат основно засолниште, исто така ќе бидат обезбедени бањи и перална за облека.

k01

Волонтерите од „Окупирајте го Медисон“ работат на куќите.

k02

Навистина е убаво да се види како една заедница се собира за да им помогне на нивните соседи.

k03

Една куќичка е подготвена и се движи кон местото кадешто ќе биде дом за некој бездомник.

k04

Навистина не изгледаат лошо.

k05

Сечење на лентата.

k06

Бездомниците уживаат во нивните нови домови.

k07

Сподели на Facebook
пати видено