Црниот мачор Декстер минатиот петок повторно се сретна со своите ожалостени сопственици, Пол и Сандра Ричи, откако успеал да го преживее смртоносниот пожар во Калифорнискиот камп, во Ноември минатата година.
Кога пожарот се приближил до нивниот дом во Рај, Калифорнија, Пол и Сандра успеале да ги спасат и земат своите други три мачки со нив, но не успеале да го лоцираат Декстер на време и тој починал во пожарите или барем така мислеле неговите сопственици.
Центарот за спасување на мачиња “Феник Хавен” успеал да им го врати мачорот на сопствениците иако тие се преселиле во Дејџанс, Мисури. Благодарение на претходно вградениот чип, Декстер сега конечно е обединет со своето старо семејство.
“Кога пожарот го зафати и нашиот дом, сите реагиравме со голема брзина и за време на евакуацијата успеавме да ги спасиме нашите останати миленици, но Дестер не успеавме да го најдеме, бидејќи претходно избега и се сокри некаде. Мораше брзо да излеземе, едноставно немаше време.”, изјавиле сопствениците.
Мачорот успеал да преживее 103 дена под урнатините кои настанале како резултат на пожарот во кој животот го изгубиле 88 лица, откако можен колапс во работата на електраната која се наоѓала во близина, но останува допрва да се утврди.
А во прилог погледнете го погледнете го видеото исполнето со многу измешани чувства, чувство на олеснување, среќа и возбуда: