Други Земји? Држава поголема од Плутон? Чудна анатомија на коалите? Подгответе се да си го проширите умот со овие луди факти.
1. Има планети без сонца
Меѓуѕвездена планета (егзопланета, планета сирак итн.) е име за планетите кои лебдат во вселената без да се поврзани со било кој сончев систем.
2. Порано имало огромни вилини коњчиња
Вилините коњчиња коишто брмчеле пред 300 милиони години биле со големина колку галеби, а распонот на крилјата им достигал до 65 сантиметри. Инсектите вообичаено не можат да достигнат ваква големина, па така научниците сѐ уште се чудат како овој инсект успеал во тоа.
3. Пред милиони години деновите биле пократки, и тоа се должело на месечината
Поради промената на далечината помеѓу нашата планета и месечината, Земјината ротација забавува. Порано се вртела многу побрзо, и поради тоа деновите биле пократки. Тогаш веројатно имало 385 дена во годината, при што секој ден траел 23 часа. Сето ова е потврдено со геолошки докази.
4. „Тревата“ ни помогнала да откриеме сосема нов телесен систем
Во човечкиот мозок постои ендоканабиноиден систем, и ТНС, главната психоделична состојка во марихуаната го напаѓа. Овој систем вилјае врз нешта како расположението и апетитот, што објаснува многу работи.
5. Многу портокали се вештачки портокалови
Разни видови на портокали коишто растат околу екваторот всушност се зелени, дури кога се целосно зрели. Но бидејќи потрошувачите портокалите ги сакаат портокалови, овошјето се изложува на етилен, кој го разложува хлорофилот и на овошјето му дава портокалова боја.
6. Огнените вртлози се слични како и водените
Спиралните ветрови можат да кренат огнени пламени исто како што можат да направат и со водата, со тоа што резултатот е огнено торнадо.
7. Највисоката карпа се наоѓа на – месечина
Највисоката карпа, наречена Верона Рупес, се наоѓа на месечината на Уран наречена Миранда, и се проценува дека е висока пет до десет километри, што е пет пати повеќе од длабочината на Големиот Кањон. Поради ниската гравитација на Миранда, паѓањето до дното би траело цели дванаесет минути.
8. Астероид не мора да удри во планетата за да предизвика огромно уништување
Во 1908, еден астероид удрил во Земјината атмосфера над централна Русија. Се распрснал на 8500 метри, но ударниот бран ја пренел енергијата на околу 150 Хирошима бомби, уништувајќи 1827 квадратни километри шума на Сибир.
9. Сите планети во нашиот сончев систем може да ги собере во растојанието помеѓу нас и месечината
Севкупниот дијаметар на планетите во нашиот сончев систем изнесува околу 376.000 километри. За да стасаме до месечината, треба да патуваме 385.000 километри.
10. Средоземното море за малку ќе се исушело
Пред 5.3 милиони години, Средоземното море било целосно отсечено од океанот по извесни тектонски поместувања. Како резултат на тоа, тоа почнало да испарува. Но кога бил отворен Гибралтарскиот Проток, Атлантикот се влеал во средоземниот басен во катаклизмичен настан наречен Зеанклијска Поплава.
11. Атмосферата околу сонцето е потопла од самото сонце
Атмосферата на сонцето, или коронат, е околу 600 пати пожешка од површината на сонцето. Сѐ уште се утврдува точната причина за тоа.
12. Може да „врне“ животни
Понекогаш може да се случи од небото да почнат да паѓаат животни. Главната теорија е дека ова се должи на вители кои ги вшмукуваат животните и ги фрлаат на друго место. Сликава прикажува т.н. рибина бура, којашто се случила во 1861 година во Сингапур.
13. Земјата споделува орбита
Земјата околу сонцето следи вселенски објект наречен 2010 TK7 во истата орбита. Овој објект е познат како „тројанец“ и според тоа што го знаеме, тоа е единствениот таков кој кружи околу сонцето заедно со Земјата. Не е месечина, бидејќи месечина би кружела околу својата планета, не околу сонцето.
14. Постои езеро коешто постојано е погодувано од молњи
Езерото Маракаибо во Венецуела постојано се справува со молњи. Не знаеме зошто , но изгледа дека ова се должи на воздушните струи во комбинација со локалната топографија.
15. Во нашиот сончев систем постои објект кој изгледа вака
Оваа овална планета џуџе која се гледа на сликата е наречена Хаумеа, и го добила својот облик поради брзината на нејзиното вртење.
16. Коалите не се нормални
Коалите мажјаци имаат два пениса, а женките три вагини. Знаете, за секој случај.
17. Русија е поголема од Плутон
Русија зазема 17.1 милиони km², а Плутон 16.6 km².
18. Јастозите живеат многу, многу долго
Јастозите умираат поради исцрпеност при менувањето на нивната надворешна обвивка, кога се изедени, или поради повреди. Но, ако го избегнат тоа, можат да доживеат седумдесет години без никакви знаци на стареење, и практично би можеле да живеат вечно кога горенаведените чинители не би влегле во игра. Можеби јастозите се вампири.
19. Моќта на молњите може да се мери во – тостови
Во една молња има доволно енергија за се испечат 100.000 парчиња леб.
20. Во Минесота има една мистериозна дупка
Водопадот во ЃАволовиот Кладенец паѓа во длабока дупка, но каде оди потоа? Никој не знае.
21. За малку ќе имало друга Земја
Глизе 581с извесно време била сметана за „втора Земја“, но неодамнешните откритија покажале дека таа на неа не би можеле да живеат луѓе.