Неверојатните фотографии покажуваат како неколку кози се коцкаат со смртта додека се качуваат по стрмниот ѕид од 50 метри само за да лижат минерали.
Бестрашните суштества изгледаат како да ѝ пркосат на гравитацијата додека ја „освојуваат“ браната Чингино во северна Италија.
Алпските кози кои обично живеат на многу стрмни и карпести терени на надморска висина до 4.600 метри, лижат шалитра и други минерали, кои се наоѓаат на надворешниот дел од ѕидовите.
Фотографиите од браната високо во Алпите биле направени од пензионираната банкарка Федерика Граси (63) од Канобио, Италија.