Вампирите одамна се навлезени во нашата култура, а со појавата на филмовите има најразлични толкувања за нив. Што е тоа што толку не интригирира кај овие бледи лица со малку поистакнати очници?
Иако може да ни се чини како релативно нов феномен, луѓето со векови чувствувале опсесивен страв од вампири. Еве неколку примери за личности за кои се ширеле гласини дека се вампири.
1. Грофицата Елизабета Батори
Во почетокот на 17. век, Елизабета Батори, член на унгарското кралско семејство, била осомничена дека убила над 650 жени за да може редовно да се капе во нивната крв. Наводно била дополнителна инспирација за Дракула на Брам Стокер, покрај Влад Цепеш.
2. Фриц Хаарман
Познат како „Вампирот од Хановер“, овој Германец е еден од првите сериски убијци. Ги убивал луѓето гризејќи ги за вратот.
3. Ричард Чејс
Познат како „Вампирот од Сакраменто“, во периодот помеѓу 1977 и 1978 Чејс убил и ја пиел крвта на шестмина луѓе. Една од неговите жртви била стара само шест месеци.
4. Џозефин Смит
Еден бездомник од Ст Петерсбург, Флорида повикал полиција откако половина од лицето му било одгризано од жена која извикила „Јас сум вампир! Ќе те изедам!“ Ја идентификувал Џозефин Смит како напаѓачот, но таа не се сеќавала на инцидентот.
5. Род Ферел
Род Фелер, лидер на култ наречен „Вампирски клан“, ги убил родителите на неговата девојка за таа да може да биде примена во кланот. Кога полицијата го уапсила, кажал дека ниеден затвор не може да го задржи, бидејќи е петстогодишен вампир.
6. Алан Мензис
Мензис бил опседнат со филмот „Кралица на проколнатите“ и бил убеден дека вампирите од филмот барале од него и тој да стане вампир. Почувствувал дека единствениот начин да го направи тоа е да го прободе 42 пати својот најдобар другар и да се напие од неговата крв.
7. Влад Цепеш Дракула
Историската личност која е инспирација за грофот Дракула. Бил романски кнез, владетел на Влашка кој се прославил со својата суровост. Историчарите проценуваат дека убил над 100.000 луѓе, а неговиот дом понекогаш го украсувал со сквернавени трупови.
Па и ова нешто:
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.