Ирска е позната по своите брановидни зелени ридови и пространото сино небо. Но, ако мекогаш патот ве нанесе на т.н. Смарагден остров (романтичното име на Ирска, наречена така според нејзиното зеленило), ќе забележите и нешто друго: камени ѕидови од стотици и стотици километри ги пресекуваат полињата. Овие интригантни ѕидови ја делат земјата во чудни облици изгледајќи како да се поставени таму без никаква причина и цел. Изгледаат како нешто што би требало да обележи имотна сопственост, но наоколу нема ништо, освен километарски долгите ѕидови. Тогаш, што се тие?

Ѕидовите ги испресекуваат падините на планината Пртри во областа Мајо.

iz01

Најпрвин, малку геологија: Ирска главно лежи врз варовник. Повеќе од половина од островот претставува слој од цврст, син варовник кој се формирал пред 370 милиони години. Не мора да копате длабоко за да го најдете овој камен, и бидејќи го има во изобилство, тој со илјадници години е омилениот градежен материјал на луѓето кои живееле во Ирска.

Оваа куќа во Инишир е направена од истиот варовник како и ѕидовите.

iz02

Бидејќи каменот го има во толкаво изобилство, земјоделците буквално налетувале на него додека ги орале полињата. За полето да биде плодно, првин требало да се исчисти од камењата, па така ги ископувале од почвата и ги тргале на страна. Извадените камења добро послужиле при обележувањето на имотната сопственост. Денес тие имоти веќе не постојат, но камењата останале.

Ѕид во Бјурен

iz03

Неверојатното нешто кај овие ѕидови е тоа што при нивната изградба не е употребуван малтер за да ги држи камењата заедно, а сепак тие издржале семожни временски услови низ текот на стотиците години. Од време на време дел од нив ќе се срушат, но поголемиот дел од нив се држат неверојатно добро.

iz04

Едно од најдобрите места да ги видите овие ѕидови се Аранските острови на западниот брег на Ирска. Овде ѕидовите ја имаат вообичаената намена за обележување на сопственост и одвојување на плодните полиња од стоката, но покрај тоа имаат и агрикултурна намена. Почвата на Аранските острови се состои од многу тенок слој и може да биде раздувана од силниот ветер, па така камените ѕидови служат како преграда и ја чуваат почвата на своето место.

Аранските острови стануваат популарно туристичко одредиште, со локалитети на келтско и ранохристијанско културно наследство, вклучувајќи и утврдувања и манастири.

Камен ѕид на Аранските острови

iz05 iz06 iz07

Сподели на Facebook
пати видено