Фотографот Џон Олсон има завидна кариера со фотографии од целиот свет, вклучувајќи и портрети на некои од наголемите рок икони од седумдесеттите. За списанието „Лајф“, Олсон споделил некои неверојатни фотографии на легендарни музичари меѓу кои Френк Запа и Елтон Џон. За разлика од други сесии, во случајов тие позираат заедно со нивните семејства.
Олсон вели: „Сум работел со многу музичари порано, и со некои беше навистина напорно. Но кога беа со нивните родители, се претвораа во сосема поинакви личности. Џинџер Бејкер кој беше ужасно безобразен во нивно присуство се однесуваше како возрасен. Не мислам дека промената се должи на почитта кон мене, така што сигурно е поради нивните родители.“
Френк Запа со неговите родители Френсис и Розмари
Грејс Слик од Џеферсон Ерплејн со нејзината мајка Вирџинија Винг
Ерик Клептон со неговата баба Роуз
Елтон Џон со неговата мајка Шела Ферибрадер и нејзиниот сопруг Фред
Дејвид Кроби со неговиот татко
Џинџер Бејкер од Крим со неговата мајка
Џо Кокер со неговата мајка
Ричи Хејвенс со неговите родители Ричард и Милдред
Џексон Фајв со нивните родители
Донован со неговите родители Доналд и Винифред Лич