Марк Гудрам и Џон-Рос Вотсон од Лондон освоиле џекпот од 4,6 милиони евра. Сепак, не толку среќните добитници сѐ уште не успеале да им се израдуваат на парите.

Од лотаријата Камелот почнале да се сомневаат во 36-годишниот Марк и 31-годишниот Џон откако требале да им ги исплатат парите, но дошло до „мал“ проблем.

Ниту еден од двајцата мажи немал картичка, ниту пак сметка во банката. Тоа не би било толку чудоно доколку самото лото ливче не било купено со дебитна картичка. Кога ги прашале на кого е картичката, тие кажале дека е на пријателот „Џон“, но не можеле да им дадат име, презиме, адреса или било каква информација за него.

Додека Камелот вршел истрага Марк и Џон славеле со алкохол. Тие дури и го контактирале The Sun за да се пофалат за нивната добивка. Марк, кој има 22 пресуди за 45 кривични дела изјавил: „Јас одам да ја видам кралицата. Ова е брилијантно. Заслужив малку пауза. Ние сме создадени за живот. Не можам да дочекам да ги потрошам парите. Ќе купам луксузни работи и ќе се грижам за себе.“

Вотсон, кој исто така бил осудуван за кражба вели: „Јас одам на крстарење по Карибите а потоа во Лас Вегас. Но, прво ми треба пасош.“ Тие велат дека нивниот пријател со дебитната картичка исчезнал „на север“.

Пријателите ги демантираат сомнежите на лотаријата дека го купиле ливчето со украдена дебитна картичка. Сепак од Камелот одбиваат да им ги дадат парите додека не заврши истрагата. Сепак ова не ги спречува Марк и Џон да продолжат да слават…

Сподели на Facebook
пати видено