Иако е малку рано, една жена и група деца веќе покажуваат што е тоа вистински празничен дух. Загрижени за тоа што би правеле бездомниците за време на претстојната зима, Тара Смит-Аткинс, нејзината осумгодишна ќерка и нејзините пријатели собрале зимски јакни и ги врзале за уличните столбови низ градот Халифакс од кадешто бездомниците ќе можат да си ги земат.
Децата ги распространиле јакните за време на осмиот роденден на нејзината ќерка. „Тие дефинитивно научија колку е значајно ова“, изјави Смит-Аткинс за СВС. „Кога се вративме во автомобилот по еден час на улицата, сите беа смрзнати и викаа да го пуштам парното и се жалеа дека е студено, сите стуткани.“