Инспиративна двојка решила да помине над 19.000 километри и 16 држави за да си го исполни својот сон. Крис и Питер патувале 18 месеци само на своите велосипеди, спиејќи во мал шатор за да од Англија стигнат до големата Кина.
66-годишниот Питер и 64-годишната Крис сакале да направат „нешто поразлично“ во нивните пензионерски денови и 34 години во брак.
Нивната најголема желба била да го видат Големиот Кинески ѕид и успеале во тоа. Тие возеле по околу 50 километри на ден и велат дека моментот во кој го здогледале ѕидот бил многу емотивен. На крајот од нивното патување, неконвенционалниот пар решил да не патува со авион туку да резервира кабина во контејнер на брод.
Питер вели: „ никогаш не знаете што ќе донесе денот. Сѐ што знаете е дека ќе се качите на велосипедот и ќе возите. Секој ден е авантура, секој ден е нов и чувството да се биде на патот со сонцето што сјае и светот пред твоите нозе е неверојатен. Генерално, искуството беше апсолутно неверојатно. Ако ние можеме да го направиме тоа, секој може.“
Петар и Крис првично тргнале да се движат од Велика Британија до Големиот ѕид во јануари 2017 година, но биле принудени да си заминат дома по несреќна која се случила по поминати 1.600 километри. Тие стигнале до Унгарија кога Питер се лизнал на плочките во лековита бања и го скршил колкот.
По седуммесечното заздравување, во октомври 2017 година, парот повторно тргнал на пат, од оригиналната стартна линија во Камбрија. Меѓу нив се истакнувал патот по прекрасниот автопат во Памир во должина од 600 километри во Таџикистан и уживањето во културата на Турција.
По пристигнувањето во Кина во ноември минатата година, Питер и Крис патувале низ Југоисточна Азија во Сингапур, каде што се качиле на контејнерот.
Крис вели: „Се чувствувавме многу среќни што имавме време да го сториме тоа и можевме да си го дозволиме да го направиме тоа исто така. Тоа беше прекрасно искуство, особено прекрасно поради неверојатни луѓе што ги сретнавме на патот. Ние не сме многу во форма, но можеме да возиме велосипед и си помисливме ако го правиме тоа полека кога тогаш ќе стигнеме до дестинацијата.“