Сѐ започнало како шега помеѓу седум најдобри пријателки во 2008 година. Нивното пријателство трае веќе 20 години и сите се во нивните 30-ти.
Тие си ветиле дека ќе остарат заедно во куќата од соништата кога ќе се пензионираат. Но, фантазијата наскоро стана реалност.
Девојките пронашле имот во предградијата на Гуангжу, југоисточна провинција Гуангдонг, Кина и одлучиле да го реновираат за да се претвори во нивната куќа од соништата. По реновирањето кое ги чинело неверојатни четири милиони јуани (500.000 евра), нивната вила од три ката заблеска во полн сјај со павилјон за чај, масивна отворена кујна и базен.
Куќата со површина од 700 метри квадратни која се наоѓа во необично село околу 70 километри од центарот на градот Гуангжу, има голем заеднички простор на приземје и седум соби за секоја од дамите.
Вилата е опкружена со оризови полиња. Пријателките, кои се љубители на чајот, одлучиле да го изградат павилјонот во средината на полињата, кои се поврзуваат со нивната вила преку бамбусова патека.
Тие направиле пакт секоја да ја користи својата најдобра вештина која би била корисна за нивните животи во пензија, како што се готвење, традиционална кинеска медицина, зеленчук и музика.