Светов е лудо место и благодарение на интернетот имаме бескраен достап до информации за него. Дури и премногу информации, бидејќи овој свет кој го нарекуваме дом никогаш не престанува да не изненадува.
1. Во Уганда има племе кое се вика Буганда, а нивниот јазик се вика Луганда.
2. Ако цело време одите на исток, секогаш ќе одите кон исток. Но ако одите во правец на север, после некое време ќе одите кон југ.
3. Орлите се парат во воздух.
4. Со самоуправувачките автомобили на Гугл се случиле само две сообраќајни несреќи.
Еднаш кога бил возен рачно и еднаш кога воопшто не бил возен.
5. Канада е збор од јазикот на едно од локалните индијански племиња и значи „Големо село“.
6. Ако ја раширите сета ДНК во вашето тело, нејзината должина ќе изнесува како должината од сонцето до Плутон помножена шест пати.
7. Кокосовите ореви годишно убиваат повеќе луѓе од ајкулите.
8. Жирафите можат да издржат без вода подолго од камилите.
Високиот процент на вода во лисјата кои ги јадат прави да не мора често да пијат вода.
9. За сосема кратко време вие сте биле најмладата личност на планетата.
10. Има повеќе ѕвезди на небото отколку зрнца песок на Земјата.
11. Севкупната тежина на сите мравки на Земјата е поголема од севкупната тежина на сите луѓе.
12. Изметот на вомбатот е во форма на коцка.
Тоа помага изметот да стои на место и на тој начин ја одбележуваат својата територија.
13. Коњите не можат да дишат низ уста.
Тенката кожа која спречува да вдишат храна исто така ги спречува да дишат низ уста.
14. Саудиска Арабија увезува камили од Австралија.
Месото од камили се смета за специјалитет и очигледно во Саудиска Арабија нема доволно камили.
15. Постои вид на октопод кој е бесмртен.
Тоа е единственото животно кое може да се врати во својата фаза на сексуална незрелост откако еднаш ќе достигне степен на сексуална зрелост.