Стареењето е страшно. Секој нов роденден е уште еден потсетник за целите коишто не сте ги постигнале, луѓето со коишто се изгубиле контакт, или за можностите кои ве одминале. Овој проект докажува дека негативните мисли се единственото нешто коешто навистина може да се испречи помеѓу нас и уживањето на секој момент во секоја возраст.
Рускиот автор Владимир Јаковлев го започнал проектот „Возраст на среќата“ за да ги промени нашите претстави за тоа како ќе изгледа нашиот живот откако ќе навршиме 70, 80, 90, па дури и 100 години.
1. Рут Флауерс
Денес 72-годишната Рут решила да стане ди-џеј на свои 68 години.
2. Анет Ларкинс
На 70 години Анет изгледа навистина младолико благодарение на вегетаријанската исхрана.
3. Д-р Џефри Лајф
Д-р Лајф почнал да го сфаќа сериозно вежбањето на возраст од шеесет години.
4. Дуан Цинфу
На 73-годишна возраст Дуан е способен за такви движења со коишто дури и многу помладите атлети би имале потешкотии.
5. Лојд Кан
78-годишниот Кан почнал да вози скејтборд на 65-годишна возраст.
6. Пат и Алиша Мурхед
Овој пар, на возраст од 81 и 66 години ужива во скокањето со падобран.
7. Грета Понтарели
Грета е 61-годишна танчерка на шипка.
8. Роберт Марчанд
Човеков е 102-годишен велосипедист.
9. Дорис Лонг
Денес на возраст од сто години, Дорис започнала со планинарење на 85-годишна возраст.
10. Синди Џозеф
На шеесет и една година Синди сѐ уште активно вежба фитнес, позира и води популарен видео блог.
11. Александар Розентал
Александар е 96-годишен скијач.
12. Лин Рут Милер
Денес на 80 години, започнала да се занимава со стенд ап комедија на 70 години.
13. Ивон Даулен
Ивон е 87-годишна лизгачка на мраз.
14. Џим Морис
78-годишниот билдер станал вегетеријанец на 50 години.