Ако летните жештини направиле да се почувствувате малку испотено и умирисано, опуштете се: веројатно не сте ни најмалку грозни какви што биле вашите предци, дамнешните, како и тие не толку дамнешните. Денес ние нештата како хигиената, санитарните јазли и водоснабдувањето ги аемаме здраво за готово, иако многу луѓе и денес немаат пристап до овие удобности. Што се однесува до минатите времиња, луѓето морале да се снаоѓаат како знаат и умеат да останат чисти и здрави. Понекогаш тоа што го правиле се чинело како сушта спротивност на чистотата.
1. Капењето било повремено и честопати групно
Јавните бањи долго време биле популарни, но со текот на времето нивната популарност опаднала. Зошто? Црквата сметала дека голотијата е зла работа. Друга причина е тоа што јавните бањи биле популарно сврталиште на проститутките, исто така лоша работа. И на крајот, луѓето од тоа време сметале дека чистотата на облеката е поважана од чистотата на телото, веројатно затоа што облеката го демонстрирала социјалниот статус. Само богатите редовно се капеле во своите домови. Другите луѓе ги миеле само видливите делови од телото како лицето и вратот. Останатиот дел од телото – не толку често.
2. Перењето било важно, но не мирисало пријатно
Луѓето веќе три илјади години знаат за сапунот и тој во целиот период останал сличен, но сепак детерџентите за облека доста се промениле. Првично се додавале нешта како пепел, сулфур, јаглен, па дури и урина. Дури и современите мирисливи детерџенти си имале свои грозни моменти, создавајќи проблеми за природната средина со фосфатите кои ги содржеле.
3. Урината се… рециклирала
Порано урината се сметала за многу важна работа. Се користела во изработка на барут, но покрај тоа ја употребувале и во медицината, т.е. во лекарства кои се внесувале преку устата, но и како средство за чистење на алишта, како и средства за чистење на лицето. Во древниот Рим со урина дури си ги чистеле и забите. Урината го разложува амонијакот, така што луѓето од минатото биле на добар траг.
4. Урината (и други работи) се собирале директно во собата
До неодамна не постоел концепт за посебна просторија за вршење нужда. Луѓето излегувале надвор, од тука и изразот „по надвор“ или употребувале нешта како нокшири и легени. Често пати се употребувале и двата начина. Нокширот им стоел под кревет за нонќно време да не мора да излегуваат надвор. Згодно? Да. Пријатно? Веројатно и не толку многу.
5. Тоалетна хартија? Сонувајте
Меката хартија за бришење на задникот не се применувала се до втората половина на деветнаесеттиот век. Нејзината употреба првпат е забележана пред 2200 години во Кина, и арапските патници сметале дека тоа е грозна работа. Во останатиот дел од светот работите стоеле уште полошо. Луѓето се снаоѓале на најразлични начини и задникот си го бришеле со волна, коноп, лисја, камења, стапчиња, кори од дрвја, мов и песок. Ова дури и не звучи толку лошо кога ќе дознаете дека некои употребувале стапче кое го натопувале во оцет, и кое било за заедничка употреба.
6. Скапувачки растенија како покривки за подот
Иако богатите ги поплочувале своите домови со тули, камен, дрво и текстилни простирки, сиромашните ги пкривале со слој од слама.
7. Насекаде бубачки
Паразити како болви, стеници, вошки и муви имало во изобилство, до таа мера што епидемиите како бубонска чума се припишувале на нив. Местата како ановите биле познати по нив, особено поради фактот дека патниците, дури и тие кои не се познавале помеѓу себе, понекогаш го делеле леглото. Во комбинација со хигиенските навики од тоа време, креветните покривки од тоа време биле полни со мали крвопијци и зарази.
8. Цвеќињата не биле ценети само поради нивната убавина
Луѓето од тоа време биле свесни дека смрдат. За да ја прикријат непријатната миризба, како и миризбата на луѓето околу нив, благородниците носеле цвеќиња закачени на нивната облека, во комбинација со парфеми.
9. Модата исто така била миризлива
Сиромашните немале средства за одржување на нивната хигиена, но и богатите не се одликувале со некоја особена свежина. Во осумнаесеттиот век во западниот свет била присутна модата на носење високи напудрени перики, на кои додавале и животинска маст.
10. Пијавиците лечеле сѐ
Пијавиците со години биле употребувани во медицината. Нивната плунка содржи антикоагуланс кој им овозможува да ви ја пијат крвта, па така луѓето од минатото ги сметале совршени за пуштање крв. Пуштањето на „лошата крв“ се сметало за вид на терапија. Денес пијавиците сѐ уште се употребуваат во случаи на блокиран крвоток.
12. Приборот за јадење се споделувал
Употребувањето на вилушка не било популарно сѐ до времето на ренесансата. Луѓето вообичаено јаделе со нож, лажица и чинија кои често ги споделувале. И тоа било во богатите домови. Сиромашните вообичаено се собирале околу поголема чинија или котле.
12. Раните ги затворале со горење
И ова останало во употреба и денес. За да се сопре крварењето, да се затвори раната и да се спречи инфекција, се вжештувало парче метал, вообиаено нож и се притиснувало на раната. Да, ова болело многу и оставало белег, но благодарение на оваа техника биле спасени животите на многу луѓе.