Славните личности често ги бие глас поради нивната ексцентрична исхрана или разни таму исцелителни кристали, но овие десет славни луѓе навистина зачекориле на мрачната страна играјќи си со окултизмот, вештерки, магија и ѓаволот.
Мрачните четива на Елвис
За време на најмрачните денови на злоупотреба на дрога и лични проблеми, Елвис Присли се свртел кон окултизмот за да најде некаков вид на повисока свест. Според неговата бивша сопруга Присила, ќе се наголтал барбитурати и потоа ќе зел да чита книги за окултизмот како „Тајната доктрина“ и „Тајните учења на сите времиња“. Кога се уморил од мистицизмот, ѝ кажал да ги изгори сите тие книги и се вратил на христијанството. Од друга страна, по неговата смрт, Присила се свртела кон сциентологијата.
Окултизмот на Дерил Хол
Окултистичката традиција на Дерил Хол била многу подолга и подлабока од таа на Елвис. Хол бил толку опседнат со црната магија што навистина верувал дека е потомок на вештерот и познатиот окултист Алистер Кроули. Хол дури и го опеал во песната „Без солзи“ од албумот „Свети песни“. Шест или седум години пред објавувањето на албумот, Дерил ја изучувал кабалата, келтицизмот и друидските традиции со цел да се „сосредоточи на својот внатрешен оган“, пред на крајот да увиди дека неговиот фанатизам бил само фаза.
Повисоката цел на Бјорк
Бјорк не е некоја посветена паганка, но сепак е исклучително спиритуална, благодарение на интересот на нејзината мајка за метафизиката. Пејачката раскажува дека како мала, кога живеела на Исланд, била „претставена на сите окултни суштества“. Во друго интервју, таа вели дека сите знаци посочуваат кон нејзината повисока цел како водителка за нејзината генерација.
Психозата на Дејвид Боуви
Спуштањето во мрачните предели на умот на Дејвид Боуви било поттикнато од неговата гадна кокаинска навика и психозата причинета од злоупотреба на наркотици. Во седумдесеттите години почнал да верува дека го прогонуваат мрачни сили, вклучително и вештерки, кои сакале да украдат негова сперма и да создадат демонско дете. За да се спротивстави на злото, Боуви научил сѐ што можел да научи за окултизмот и на секоја површина во негова близина цртал заштитни пентаграми. На крајот, „бела вештерка“ го излекувала музичарот од неговата параноја, отприлика во истото време кога се одвикнал и од белиот прашок.
Различните интереси на Вилијам С. Бароуз
И Вилијам С. Бароуз трошел доста од своето време на проучување на окултизмот. Овој негов интерес се родил за време на патување во Јужна Америка за да ги истражи наводните натприродни сили на растението јаге. Подоцна во животот се свртел кон фотографијата како магичен медиум. Во 1970-те, тој „фрлил клетва врз кафуле така што го фотографирал и на тој начин го отстранил од параметрите на времето и просторот.“ Писателот бил толку маѓепсан од мистичната фотографија што пред неговата смрт се подложил на ритуал со кој се придружил на култот на илиминатите на Танатерос.
Окултистичката опсесија на Лед Зепелин
Сите членови на рок групата Лед Зепелин биле љубители на црната магија, но гитаристот Џими Пејџ бил особено верен следбеник на озлогласениот окултист и сатанист, Алистер Кроули. Пред да стане славен како музичар, Пејџ работел за окултистичка издавачка компанија и книжарница во Англија. Подоцна, членовите на бендот користеле окултистички симболи за омотите на нивните албуми, вклучувајќи го и Зосо, со кој се симболизирале себеси на албумот Led Zeppelin IV. На крајот, Џими Пејџ ја купил куќата Кроули и неговата збирка на окултни книги, за да може да продолжи со проучувањето на црната магија.
Восхитот на Битлси кон Алистер Кроули
Битлси биле толкави љубители на Алистер Кроули неговото мрачно учење, што решиле да го вклучат на омотот на албумот Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band (тој е ќелавиот човек во горниот лев агол). Ленон бил познат по тоа што црпел инспирација од текстовите на Кроули на темите медитација, јога и пранајама.
Алан Мур, Кроули и Кабала
Алан Мур, плодниот автор на стрипови и цртани романи како „Стражари“ и „В за вендета“, бил ритуален маѓепсник уште од 1993 година. За да ги развие своите ритуали, тој ја проучувал кабалата и учењата на Алистер Кроули, кои ги заменил со тарот картите и мистичната религија наречена телема.
Грајмс и вештерките
Уште откако излегла на сцената во 2010 година, канадската музичарка Грајмс почнале да ја поврзуваат со окултизмот едноставно поради нејзиниот изглед на вештерка. Но, нејзинито интересирање може да е доста подлабоко, бидејќи неодамна почнала да твитува слики од мистичната книга наречена „Thee Psychick Bible“, Исто така, на своето тело таа има тетоважи кои потсетуваат на окултизмот, и се лишува од сон за да навлезе во поинакви сфери на свеста.
Сатанизмот на Семи Дејвис Џуниор
Легиите на фанови на Семи Дејвис Џуниор знаат многу малку за тоа дека во екот на неговата слава, тој бил член на сатанистичка секта. Познатиот пеач од шеесеттите официјално се зачленил во Црквата на Сатаната, откако неговата улога во ТВ филм го привлекла вниманието на ликови како Антон ЛаВеј, основачот на сатанистичката црква. Во филмот „Кутриот ѓавол“, чиешто дејство се случува во пеколот, Семи игра демон кој сака унапредување. Дејвис подоцна ќе го издаде албумот „Сатаната свингува“ со песни како „Ѓавол под прикритие“, „Сочувство за ѓаволот“, како и дует снимен со ЛаВеј.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.