Храната вообичаено е причина за проблеми со чистотата во домаќинството, а не решение, но ви претставуваме некои видови храна коишто можат да ви помогнат во чистењето. Дали се работи за дамки направени од вашиот несмасен гостин, или немирно дете, или некои предмети потемнеле од долгогодишна употреба, овие нешта од вашиот фрижидер и воопшто од вашата кујна лесно ќе го решат проблемот за кратко време.
1. Доколку дејствувате брзо, кујнската сол може да ги отстрани дамките од црно вино.
2. Со кечап може да ги полирате вашите месингани и бакарни садови, така што ќе ги оставите неколку минути во него.
3. Со кори од банана може да полирате сребро.
4. Со орев може да израмните гребаници на дрвени површини.
5. Ставете палента да отстои 15-20 минути врз мрсната дамка и таа ќе ја впие.
6. Исчистете ја нечистотијата од вашата скара со помош на кромид.
7. Со кора од краставица ослободете се од дамките на вашите ѕидови, а можете да ги исчистите и огледалата во вашиот тоалет.
8. Ситните парченца стакло лесно можете да ги соберете со парче леб.
9. Со маслиново масло можете да се ослободите од дамки од растенија во вашиот дом или на вашата облека.
10. Со грст неварен ориз можете да ги исчистите сите остатоци од зачини или кафе во вашата мелница.