Дури и кога со години живеете во истиот дом, секогаш постои можност да налетате на нешто ново и непознато. Ова ново откритие може да се крие зад невообичаено поставена плочка, или пак зад олабавениот панел може да откриете некое скришно место. Можете да откриете и скриен премин за кој не сте имале поим дека постоел. Но што ако откриете дека пред очи ви биле скриени цели соби? Некои од најпознатите згради во светот имаат токму такви тајни, и сега кога се знае за нив, сите сакаме да знаеме за овие тајни простории.

Ватиканската библиотека, Ватикан

tj01

Во Ватикан има повеќе тајни отколку што Ден Браун би можел да собере во десеттина негови романи. Но, најлошо чуваната тајна на Ватикан е архивскиот трезор. Сите знаат дека се наоѓа некаде во ватиканската библиотека, но не можете туку така да влезете во него, а секако дека не можете да ги читате документите кои ги крие трезорот – освен се разбира, ако не сте папата.

Големата централна станица, Њујорк

tj02

Главниот транзитен центар на Њујорк крие многу тајни. Длабоко под површината се крие електрична централа од времето на Втората светска војна, како и таен бар наречен Кампбел Апартмент (кој порано и навистина бил апартман). Најинтересната тајна како да е тениското игралиште скриено во зградата, коешто е дел од фитнес центар, наречен Тениски и фитнес клуб Вандербилт. И покрај скришноста, сепак во овој клуб може да се зачлени секој.

Ресторанот Блу Бају, Дизниленд

tj03

Ако имате вишок 30.000 долари кои ве чешаат во џебот, би можеле да се зачлените во супер тајниот клуб во одделот Њу Орлеанс во Дизниленд. Клубот, кој е дел од ресторанот Блу Бају, има скриен влез и свој бар. Да се биде член во овој клуб доаѓа со специјални привилегии за паркирање.

Бек-Вереновата куќа, Кембриџ, Масачусетс

tj04

Историската куќа во кругот на Харвардскиот универзитет била изградена во 1833 година за професор по име Чарлс Бек, а подоцна била купена од Хенри Кларк Ворен. Некаде во куќата има врата која води во тајна соба. Во оваа соба наводно биле криени побегнати робови во времето на робовладетелството во САД, и биле препраќани во слободните американски држави и Канада.

Британија Манор, Остин, Тексас

tj05

Домот на дизајнерот на игри Ричард Гариот веројатно содржи повеќе тајни простории и врати отколку што има обични врати и простории во вашиот дом. Гариот е познат по организирањето на сложено осмислени Хелоуин забави во својата куќа, која често се опишува како најопседнатата куќа од духови во цела Америка.

Гринбрајер, Западна Вирџинија

tj06

Во ова одмаралиште отседнале повеќе претседатели и видни гости, и ден денес е сѐ уште во употреба. Содржи подземен бункер, дизајниран да го смести американскиот конгрес во случај на потреба. Бункерот бил изграден во времето на Студената војна, по чиешто завршување и пошироката јавност дознала за неговото постоење.

Данстер Хаус, Кембриџ, Масачусетс

tj07

Како и Бек-Вореновата куќа, и во оваа има тајни премини и простории, скриени зад полици со книги насекаде низ куќата.

Убиствениот замок, Чикаго, Илиноис

tj08

Иако ова не е неговото официјално име, овој хотел во сопственост Х.Х. Холмс. бил дизајниран со серија збунувачки ходници, скриеи простории и тајни премини. Хотелот го добил своето име поради фактот дека во овој хотел Холмс убил над двеста луѓе, целосно искористувајќи ја предноста која му ја нуделе сите овие тајни премини и простории при неговите убиствени потфати.

Замокот Драм, Абердиншир, Шкотска

tj09

Иако овој замок постоел со векови, археолозите допрва неодамна откриле серија скриени простории во оваа стара градба, вклучувајќи и тајна соба во една од кулите којашто датира од седумнаесеттиот век.

Студиото на Пиксар, Емеривил, Калифорнија

tj10

На имотот на ова студио за анимирани филмови во КАлифорнија се крие тајна просторија, во којашто наводно Стив Џобс минувал голем дел од своето време.

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено