Мари Лолис сакала да го прослави следното поглавје од нејзиниот живот со комеморативна фотосесија. Но, ова не била фотосесија за свршувачка, свадба или слично, Мари сакала да го прослави својот развод.

47-годишната Мари во „дрската“ фотосесија тврди дека скала да покаже дека жените можат и треба да се среќни и по разводот.

Таа ја добила идејата за разводот откако официјално се развела од нејзиниот сопруг Кинтон Итон по 13 години брак. „Сакав да затворам едно поглавје од мојот живот и да го направам тоа официјално.“, вели таа.

За фотосесијата ѝ помогнала нејзината јатрва, сопруга на братот на нејизниот сега поранешен сопруг, која има фото студио. Мари вели дека се развела од нејзиниот сопруг затоа што станал зависник од дрога и почнал да се дружи со „лошо друштво“.

Таа дури позирала и со нејзините документи за развод и со гордост покажува знак на кој пишува: „Би ти го посакала најдоброто, но веќе го имаше.“ Погледнете ја фотосесијата:

Сподели на Facebook
пати видено