Џенифер Крокил од Гарстон, Ливерпул, сакала да јаде чоколадни јајца Creme Egg, уште кога била дете и вели дека морала да изеде барем по едно јајце на ден.
Овие чоколадни јајца се најпопуларни во Велика Британија за време на велигденските празници.
30-годишната самопрогласена зависничка од Creme Egg вели дека потрошила 4.600 евра за купување на овој десерт. Таа сепак сакала нејзината „љубов“ појасно да ја искаже и затоа решила да си направи тетовања посветена на чоколадните јајца.
Џенифер отворено признава дека е „опседната“ со Cadbury јајцето и во моментов го има секој производ на Creme Egg во нејзината куќа – почнувајќи од јогурт од Creme Egg, сладолед, до велигденски јајца и кесички за споделување на јајца.
„Мојот сопруг често се шегува дека ако треба да изберам помеѓу него и Creme Eggs, дека ќе ги одберам нив наместо него! Во еден момент ги јадев толку многу што честопати ги криев кога ги јадев или чекав луѓето да не се наоколу, бидејќи ми беше толку срам од мојата опсесија за нив. Успеав малку да се смирам, иако сум дел од група за губење на тежината, така што не можам да јадам колку што сум навикнала.“, вели Џенифер.
Секое вакво јајце содржи 26 грама шеќер (177 калории), што е околу шест кафени лажички.