Многу успешна актерска кариера, принц и новороденче? Не, таа само сака да изгледа како Меган Маркл, толку многу, така што таа била подготвена да оди под нож за да си ја оставри замислата.

Жената поминала шест часа на операција да изгледа како Меган Маркл, бидејќи како што вели таа: „Го сакам она што го има таа, а јас го немам“

Тања Рикардо, неодамна се пријавила за помош кај пластичен хирург за да може да го постигне својот (не толку) доживотен сон да изгледа како војвотката од Сасекс.

Тања, разведена мајка, која работи во нафтената индустрија, го контактирала козметичкиот хирург Д-р Франклин Роуз од Хјустон за да и помогне да се трансформира во нејзината омилена славна личност.

30-годишната жена вака го опишува нејзиното размислување за операцијата: „Таа е грациозна, многу, многу, грациозна жена. Го сакам она што го има таа, а јас го немам. Таа ги има тие одлични облини, сакам да го постигнам истото и сакам да се ослободам од ова, за да имам убав рамен стомак.“

Тања верува дека има повеќе од неколку области што таа треба да ги подобри, пред да може навистина да ја канализира војвотката од Сасекс.

Имено: нејзиното лице, брадата, нејзините гради, стомакот, колковите, нејзиниот долен дел од грбот(извинете, што ?!) и нејзиниот задник. Значи, не многу тогаш?

Севкупно, 30-годишната имала осум процедури: оформување на образите и филер, липосукција под брадата, импланти на градите, липосукција на стомакот, колковите и долниот дел од грбот, и бразилски задник.

Тања ја подржува нејзиното момче, а таа вели дека не ѝ е гајле што останатите можеби ќе мислат дека е луда. Погледнете го видеото и одлучете сами дали навистина „вредела“ маката.

Сподели на Facebook
пати видено