„Почнував во 10 наутро и завршував на полноќ. Некои мажи ми се смееја затоа што плачев.“
Една жена која била вовлечена во лукративната трговија со луѓе во Мексико проговори за нејзините маки во рацете на една од најсвирепите криминални организации во земјата. Карла Џакинто верува дека била силувана околу 43 200 пати, при што била присилувана да спие со најмалку 30 мажи дневно во изминатите четири години.
Се присетува како на дванаесет години била забележана од еден трговец со бело робје кој ја намамил да избега од нејзиниот нефункционален домашен живот, подлажувајќи ја со подароци, пари и брзи автомобили. Дваесет и двегодишниот криминалец ја убедил Џакинто да замине со него во Тенансинго, град во мексиканската држава Тласкала, познат како голем центар на трговија со луѓе и место каде што жртвите често биле водени пред да бидат натерани да се проституираат. Таму таа живеела три месеци со него пред да биде одведена во Гвадалахара, еден од најголемите градови во Мексико, каде што била присилена да работи како проститутка.
„Започнував во десет наутро и завршував на полноќ“, раскажува Џакинто. „Некои луѓе ми се смееја затоа што плачев. Морав да ги затварам очите за да не гледам што ми прават, за да не чувствувам ништо.“
За време на нејзините маки, Џакинто била нападната од нејзиниот макро откако забележал траги од бакнежи на нејзиниот врат, кој ѝ ги направил некој клиент.
„Почна да ме тепа со синџир, по целото тело“, вели Џакинто. „Ме удираше со тупаници, ме клоцаше, ми ја кубеше косата и ми плукаше в лице…Исто така и ме гореше со железо.“
Згора на сѐ, полициската операција во која требало да бидат ослободени таа и група девојки кои биле држани во еден хотел се претворила во хорор кога полицајците на крај почнале да ги снимаат девојките во засрамувачки положби.
Се проценува дека во Мексико секоја година 20 000 жртви завршуваат во канџите на трговците со луѓе.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!