Хазел тежи 177 килограми. Таа била малтретирана поради тоа што била „Најдебелата девојка во училиштето“, но сега таа ја претвори тежината во машина за правење пари, заработувајќи над 10.000 годишно, занимавајќи се со една од најчудните професии што сте ги слушнале досега.

29-годишната жена од Нешвил е дел од он-лајн заедница која ужива да ја гледа како таа консумира илјаднци калории, исто така како си го удира, „меси“ и гребе стомакот.

За еден месец, таа може да заработи околу 1000 евра од BBW Royalty, а корисниците плаќаат дополнителни за специфични барања; некои се за голи фотографии или видеа, некои ја замолуваат да користи се*с играчки, други да ја видат како си игра со стомакот и зборува за нејзината тежина.

Хазел вели: „Не сум сигурна што им се допаѓа на луѓето во врска со тоа. Во денешното општество губењето на тежината е толку огромна работа, така што ова е нешто спротивно. Знам за еден маж кој се бори со нарушување во исхраната и сака да гледа како жените добиваат на тежина. Тоа е личен избор.“

Бидејќи отсекогаш била „голема девојка“ и никогаш немала дечко, Хазел вели дека поминала низ депресија и анксиозност. Но, на 24-годишна возраст, откако видела како соработник ги објавува своите фотографии на сајтот, таа се нашла добредојдена во заедницата која како што вели таа „ми помогна да се помирам со тоа дека се сакам и да сфатам дека сум многу секси“.

Некои од нејзините претплатници побарале и видеа со испуштање гасови и подждригнување, но таа инсистира на тоа дека нема да ги прави таквите видеа бидејќи не се „дамски“. Обожавателите на Хазел сакаат да ја гледаат како јаде чизкејк и пица и потоа да ја слушаат додека раскажува колку е надуена.

Најмногу што изела на едно јадење биле 10.000 калории, но најчесто прави по 2.000 на ден. Ова не е нејзина единствена работа, таа работи и како канцелариски службеник. Хазел има над 19.000 следбеници низ социјалните медиуми, а сега има и момче, за кое вели дека не му пречат работите што ги прави во слободно време.

Сподели на Facebook
пати видено