Пок Вонг добил вонсудска спогодба во вредност од 68.000 евра, откако се жалела дека Универзитетот „Англија Раскин“ лажно го презентирал бизнис смерот на кој таа се запишала во 2011 година.
30-годишната Вонг дипломирала со диплома од прва класа за меѓународна деловна стратегија во 2013 година, но чувствувала дека тврдењата на Универзитеот во проспектот дека е „познат центар на квалитет“ кој нуди „висок квалитет на настава“ не се точни.
Универзитетот Англија Раскин, кој има кампуси во Челмсфорд, Кембриџ и во Лондон, остро ги оспорува нејзините тврдења, но сега се согласи да ѝ плати 68.000 евра за да ѝ ги подмири нејзините правни трошоци.
Експертите веруваат дека нејзиниот успех може да ги заведе другите кои не се задоволни од квалитетот на наставата што ја добиле на универзитет да преземат законски мерки.
Г-ѓа Вонг, која сега живее во Хонг Конг, изјави: „Исплата значи дека ова е победа за мене, и покрај тоа што универзитетот интензивно се бори против мојот случај и негира каква било одговорност. Во однос на оваа спогодба мислам дека универзитетите треба да внимаваат што пишуваат во проспектите. Мислам дека често даваат ветувања за кои знаат дека никогаш нема да се материјализираат или едноставно не се вистинити.“
„Иако дипломирав во прва класа во 2013 година, тоа е Мики Маус диплома.“, додава таа. Вонг вели дека професорите доцнеле на предавањата, а си оделе порано. Наместо да им предваат им велеле на студентите да си научат дома.
Од универзитетот дале изјава дека ја прифатиле вонсудска спогодба на Вонг за да „спречат нејзините судски трошоци да ескалираат“, а не затоа што се плашат дека навистина не ги исполнуваат очекувањата.