Една жена од Орегон реши да се врати во времето и да живее според правилата на 50-тите години. Сосема по свој избор, 30-годишната Катрина Холт сега живее како домаќинка од 1950-тите години, готвии, чисти и се грижи за својот сопруг, додека во слободното време прави фустани од модата на 1950-тите.

Катрина дури го претворила својот дом во „работен храм“ на ерата вклопувајќи го и интериерот и декорациите во стилот на 50-тите години.

„Се чувствувам како да живеам како што секогаш сакав. Тоа е мојот живот од соништата и мојот сопруг ја дели мојата визија. Има многу работа. Чистам тони садови, перам и пеглам облека, но тоа го сакам и тоа ми помага да се грижам за сопругот и тоа ме прави навистина среќна.“, вели Катрина.

Псветената сопруга објаснува: „Плакарот ми е полн со фустани од 1950-тите што ги направив сама. Имам мебел во стилот на 1940-тите во дневната соба и традиционалната спална соба. Не е како музеј, но се обидувам да го направам што е можно поблизу до ерата. Може да се чувствувам како да сум родена во погрешна деценија, особено кога гледам сè што се случува сега во светот. Се чувствувам како да припаѓам во поубаво, постаромодно време. Но, знам дека сè се случува со причина и волја на Бога е сега да бидам тука.“

Парот исто така игра старомодни игри и гледа старомодни серии и филмови. Нејизниот нов живот започнал во септември 2018 година откако дала отказ од работата за која вели дека ја депримирала. Катрина го започнува денот во 6:30 часот наутро, кога се буди и ја поставува облеката на нејзиниот сопруг, пред да го подготви појадокот и да му направи спакуван ручек. Откако и самата ќе појадува прави 15-минутни вежби за истегнување од 1950-тите.

Потоа таа се шминка и облекува во стилот на таа ера, работи по домот, работи на своите фустани кои исто така ги продава и потоа прави вечера за да биде на масата кога ќе дојде нејзиниот сопруг. Таа изјавила дека малку се нервира што сопругот сака „сам да си го закачи палтото“.

„Мислам дека на мажот му е потребна сопруга која ќе го разгалува од време на време. Тој никогаш не би го очекувал ова од мене, сепак, беше моја идеја да живеам вака. Отсекогаш бил мој сон.“, вели Катрина. Таа исто така додава дека сака да има 4 деца со сопругот Ларс и дека ќе ги облекува во стилот на 50-тите додека самите не пораснат и не одлучат како сакаат да се облекуваат.

Сподели на Facebook
пати видено