Поранешна зависничка како го свртела животот за 360 степени откако ѝ кажале дека има уште само 1 година од животот. Каролина Бест веќе 12 месеци е чиста откако лекарите ѝ кажале дека е на работ на смртта доколку продолжи.

Таа претходно освен што била зависничка од хероин и крек, исто така била и крадец. КАролина во изминатите 15 години често била во затвори поради нејзиниот „животен стил“.

Сепак, минатата година беше една сосема друга приказна за Каролина, откако ѝ било кажано дека нејзиното срце започнало да пропаѓа како резултат на употребата на дрогата и лекарите не можеле да ја оперираат додека таа целосно не ја отстрани штетната материја од нејзиното тело.

Полицијата во Западен Мидлендс сега ја сподели приказната на Каролина за тоа како таа успеала да ја врати контролата врз нејзиниот живот, со мала помош од Стјуард Тугуд од Ердингтон.

Каролина се приклучи на објектот за рехабилитација во август минатата година, а по интензивна програма, таа успешно прослави 12 месеци на 27-ми август.

36-годишната Каролина вели: „Благодарение на Стјуард Тугуд, сега сум продуктивен член на општеството и му благодарам на тоа што ми помогна да направам нешто што не можев да го направам сама.“ Сега таа работи со други луѓе кои поминуваат низ истиот период кој таа го поминала пред 12 месеци.

Сподели на Facebook
пати видено