Се разбира, би можеле да тргнете на обична прошетка во шумата, но зошто би го правеле тоа кога би можеле да шетате НАД дрвјата Шеталиштето над крошните на стогодишните дрвја во Кирстенбош, Кејптаун, е кренато шеталиште кое на посетителите им овозможува да ја видат шумата и дрвјата како што тоа го прави птица или мајмун.
Надстрешницата грациозно се извива над крошните на дрвјата во Националната ботаничка градина Кирстенбош во Јужна Африка. Максималната височина на шеталиштето достигнува до 12 метри од земјата, а на две места ја допира земјата. Има неколку набљудувачници на коишто посетителите можат да уживаат во глетката која ги опкружува, но исто така се спушта и помеѓу крошните на дрвјата на неколку места за да можат да уживаат и во зеленилото.
Патеката од 130 метри е отворена и не е потребно дополнително да платите за да се прошетате по неа, така што доколку некогаш се најдете во Јужна Африка, дефинитивно би требало да го посетите Кирстенбош.