Висока 182 cm и тешка 90 kg, Бел Ганес била доста впечатлив лик, особено за жена којашто живеела во доцниот деветнаесетти век. Но, таа не била толку страшна поради нејзиниот изглед – туку поради чудната способност да направи луѓето околу неа да исчезнуваат.
За време на својот живот, Бел Ганес убила некаде помеѓу 24 и 40 луѓе, меѓу кои нејзините неколку сопрузи, додворувачи и речиси сите нејзини деца. Уште пострашно е тоа што таа никогаш не била казнета за нејзините злосторства.
Бел Ганес била родена како Бринхил Паулсдатер Сторсет во 1859 година, Селбу, Норвешка. Според една легенда, во една прилика таа присуствувала на локална игранка, кога некој човек ја удрил со тупаница во стомакот поради што таа пометнала.
Бел отпатувала во Чикаго, САД, кадешто се омажила со човекот Медс Дитлев Антон Соренсон. Се верува дека заедно имале четири деца, од коишто две умреле во нивното детство. Соренсон умрел во 1900 година. Утрото, веднаш по погребот на нејзиниот сопруг, Бел ги побарала парите од неговото осигурување.
Во 1902 година таа се омажила за Питер Ганес. По само неколку недели брак, детето на Питер Ганес умрело од непознати причини. Неколку месеци подоцна, нејзиниот маж почина. На иследниците Бел им кажала дека на главата му паднала машина за колбаси.
Бел ги убедила луѓето дека нејзината посвоена ќерка Џени била пратена во интернат. Години подоцна, нејзиното тело било најдено на имотот на Гел. Единственото дете на Питер Ганес кое преживеало била Сванхилд, којашто била одведена од член на семејството.
По смртта на Питер, Бел барала додворувачи објавувајќи огласи во локалните медиуми. Секој додворувач кој се сретнал со неа, се сретнал со неговиот крај. Само еден, Џорџ Андерсон, успеал да избега. На сликата е Хенри Гархолд, кој бил најден во нејзиниот свињарник.
Бел најмила човек по име Реј Ламфер, да ја одржува нејзината куќа. Подоцна Ламфер ѝ соопштил дека ја сака. За Бел ова било добра прилика.
Во 1908 година имотот на Ганес изгорел. Во урнатините биле најдени телата на сите нејзини деца. Било најдено и обезглавено женско тело за кое се мислело дека е Бел, но било премногу осакатено за властите да бидат сигурни.
Ламфер ги одрекол обвинувањата дека го подметнал пожарот, не знаејќи дека Бел еднаш на својот адвокат му рекла дека тој се заканувал дека ќе ѝ го запали имотот.
Се испоставило дека телото сепак не е на Бел, а кога на нејзиниот имот биле најдени телата на сите нејзини додворувачи, Ламфер признал дека ги закопал, но ја убедил полицијата дека нема ништо со убиствата. Вистинскиот сторител одамна исчезнал.
Со децении се зборувало дека Бел била видена во повеќе градови низ Америка, меѓу кои Чикаго, Њујорк и Сан Франциско, но сепак никогаш не била фатена.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.