Гери Синс си седел во паб во Англија со партнерката и си пиел пиво, кога во еден момент забележал нешто во што првин не му се верувало. Од градината се појавила лисица и таа веднаш седнала до 40-годишниот градежен работник. Гери кој е љубител на животни првин се двоумел кои се намерите на лисицата, но штом таа се доближила до него па дури и му ги ставила ножињата во скутот како кученце сфатил дека бара љубов.
Дури му го дале и името Џорџи. Џорџи е всушност „урбана лисица“ која понекогаш го посетува пабот за да ѝ дадат храна. Лисиците не се познати како толку питоми животни, но очигледно Џорџи е вистински „лисец“ кога станува збор за освојување на срцата на луѓето.