Со овој печат била запечатена една позната гробница, и останал неоштетен 3245 години. Хауард Картер бил првиот кој ја отворил на 16. февруари 1923. Во неа ја открил мумијата на Тутанкамон. Била чувана во пет саркофази, еден во друг, како руските традиционални кукли „матрјошка“. Саркофазите пак биле скриени во пет гробници една во друга. Првата, надворешна гробница била отворена двапати во антиката, но втората останала неоштетена две илјади години.

tut

Хари Бартон, египтолог и колега на Картер, направил фотографии на гробницата.. Вратите биле запечатени со едно јаже. На јажето стоел глинениот печат на фараонот, на кој бил претставен богот Арубис, заштитникот на гробовите. Јажето останало неоштетено со години, поради сувата клима на пустината и недостатокот од кислород во собата. Затоа и многу дрвени слики, папируси, па дури и облека останале неоштетени во египетските храмови изградени во пустината.

Тутанкамон бил еден од помалку познатите фараони, бидејќи умрел многу млад. Имал само 19 години. Но, неговата гробница била навистина впечатлива и полна со богаттва. Поркај тоа, неговата гробница била тешка за наоѓање бидејќи била изградна под гробниците на други фараони во Долината на кралевите. Гробницата била покриена со купишта кал, песок и камења.

Гробницата на Тутанкамон била позната не само поради своите богатства, туку и поради „клетвата на Фараонот“. Древните Египќани фрлале клетва врз секој кој ќе го вознемирил вечниот сон на фараонот. Според кажувањата, секој кој ќе ја отворел гробницата ќе умрел. Луѓето станале опседнати со овој мит по прераната смрт на на лорд Карарвон, човекот кој го финансирал ископувањето…

Сподели на Facebook
пати видено