Сместен меѓу живописно зеленило од раскошни борови и бујна шума во подножјето на Аурес планините, се наоѓа градот Ел Хама, во северен Алжир, каде е најпогодна медитеранската клима.
Меѓу овие уникатни природни пејсажи се наоѓа еден редок скапоцен камен- античка Римска бања која постои веќе 2000 години и е класифицирана како заштитено национално богатство и историско наследство.
Оваа бања е позната под името Хамам Есалихин, што во превод значи “Бања на праведните или термални води на Флавиус” и илјадници посетители ја користат и ден денес. Односно, поради своите терапевтски придобивки, не го привлекува само локалното население, туку и туристите ширум светот.
Свежиот воздух на планините споен со врвните античко-римски архитектонски изданија и лековитите својства на бањата се идеална комбинација која на годишно ниво привлекува речиси околу 700.000 туристи. Водата во Хамам Есалихин е позната како чиста и екстремно богата со минерали, а температурата и се движи до 70°C.
Се верува дека помага во ревматски, дерматолошки и респираторни заболувања. Во бањата се вклучени еден вид спа центри, релаксациски третмани, масажи и хидротераписки масажи со лични физотерапевти кои работат таму.
Има два базени, при што правоаголниот е наменет за мажите, а кружниот за жените. Она што е исто така е волшебно за ова место, е што ниту земјотресите во тие 2000 години, ниту политичката нестабилност, војните и економските кризи, како и лошата патната инфраструктура при која тешко се стасува до локацијата, не ја прави бањата помалку посакувана дестинација, туку сосема напротив, посетеноста уште повеќе и се зголемува од година во година.