27-годишната Кајла Гербер од Онтарио, е поранешна професорка по танц во Канада, а сега стана една од осумте изберени кандидати за работната позиција – експерт за канабис. Во глобала нејзина задача ќе биде…да пуши марихуана.
Изберена од 25.000 пријавени кандидати, поранешната професорка ја доби работата од соништата како експерт во “Одоброт за зачувување на канабис” во брендот за канабис, сместен во Торонто, АХЛОТ.
Задача на Кајла е да тестира различни примероци од растението, со тоа што подоцна ќе ги оценува неговите физички квалитети, мирисот и вкусот. А воедно, ќе дава оценка и за влијанието на канабисот и неговите ефекти врз телото на човекот и неговото расположение, како и промените во апетитот, енергијата, креативноста и дружељубивоста.
Само 8 луѓе беа изберени за оваа работна позиција. “Кога дознав дека ја добив работата, комплетно го изгубив умот! Веднаш станав и почнав да танцувам, се беше толку нереално.”- изјави Кајла за ДејлиМејл.
По неколку интервјуа и видео-интервју, Кајла била информирана дека влегла во топ 20-те кандидати. На 1-ви Април започнала со работа, а работното време и се состои од 20 работни часови во еден месец.
“Процесот на селекција беше навистина долг и јас сум пресреќна што токму јас ја добив работата од соништата, а притоа благодарна што работам со уште 7 извонредни луѓе.”- додала Кајла.
Договорот е потпишан за скратено работно време, а притоа заработката во месецот се движи од 660 евра до 900 евра.
“Моето семејство и моите пријатели навистина се гордеат со мене и и тие самите велат дека тоа е вистинската професија за мене.”- вели Кајла, која започнала да користи канабис уште кога била на 15-годишна возраст, бидејќи и била дијагностицирана фибромијалгија и болките биле неподносливи.
Сега Кајла конечно живее здрав и активен живот, и воедно е среќна што ја работи професијата од соништата.
Кајла покрај својата професија на професорка по танц, исто така работела и како “воспитувач” на пациенти во медицинската клиника за канабис во Онтариот.