Секогаш кога со некоја земја владеел тиран, имало ужасни видови на измачување и погубување кои служеле за зацврстување на нивната моќ. Но, еден од најбруталните начини на погубување во древна Грција бил спроведуван со помош на – уметнички статуи со висока естетика. Иако овие статуи го привлекуваат окото како убаво уметничко дело, всушност тоа биле убиствени машини.

Бронзениот бик (уште нарекуван и Сицилиски бик) бил измислен од Перил од Атена, некаде помеѓу 570 и 554 г.пр.н.е. Бикот бил нарачан од Фаларис од Акрагант, Сицилија.

bk01

Бикот одвнатре бил шуплив, а одоздола се накладувал оган. Жртвите биле печени живи, а чадот и врисоците излегувале од носот на бикот, кој бил наполнет со темјан за да се сузбие мирисот на изгорено месо.

bk02

Во направата биле сместени цевки кои правеле врисоците да звучат како бикот да мука. Штом ќе се завршело со спалувањето, од коските на убиениот се правеле бразлетни, коишто Фаларис често ги носел.

bk03

За да го тестира бикот и да слушне како звучи, Фаларис внатре го ставил самиот Перил, создателот на убиствената направа. Но, пред да умре, наредил да го извадат од статуата, по што го убил фрлајќи го низ стрмен рид.

bk04

На крајот и Фаларис завршил во утробата на бронзениот бик, откако градот бил освоен од Телемах во 554 г.пр.не.

bk05

Но, бронзениот бик на Фаларис не бил единствениот во историјата. Како и многу други грчки достигнувања и изуми, и овој бил усвоен од Римјаните кои го употребувале за мачење на христијаните. Така настрадале и Св. Антипа Пергамски и Св. Евстатиј.

bk06

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено