Пред околу 200 години, оваа по ништо сомнителна пештера вгнездена крај реката Охајо во Илиноис било омиленото скривалиште на убијци, коцкари, злосторници и првите сериски убијци во САД.

Пештера во карпа

ps01

Скриена крај реката Охајо во националниот парк на државата Илиноис, оваа пештера широка 17 метри е природно засолниште. Кога само камените ѕидови би можеле да проговорат за коцкањето, проституцијата и насилството коешто се случувале тука повеќе од два века.

Речни пирати

ps02

Озлогласеноста на пештерата датира најрано до 1790 година, кога група пирати ја употребиле како природно скривалиште, од кадешто им поставувале заседа на патниците и го краделе нивниот товар. Согледувајќи го потенцијалот на изолираната пештера, водачот на пиратите, Семјуел Мејсон, внатре отворил таверна, бордел и коцкарница за отпадниците од законот коишто барале прибежиште.

Браќата Харпе

ps03

Двајца од тие криминалци биле Мисаја и Вили Харпе, првите сериски убијци во Америка. Братучедите (погрешно сметани за браќа) си нашле прибежиште во пештерата во 1799 година, после нивното убиствено дивеење коешто траело две години, низ повеќе држави на САД. Како што раскажува легендата, и за време на нивното криење во пештерата продолжиле да убиваат, користејќи ја секоја прилика да турнат некого од карпите.

Истребувачите

ps04

Набргу по пристигнувањето на браќата Харпе, одмаздничка група наречена „Одмаздниците“ дојавале за да ги збришат криминалците, убијците и коцкарите од нивната област. Истребувањето било успешно за исвесно време, и така до првата деценија во деветнаесеттиот век, во пештерата не живеел никој.

Банди во близина

ps05

Со толку идеална местоположба, карпестата пештера не останала празна за долго. Се смета дека познатата Стардивантова банда, како и бандата на Џејмс Форд повремено се криеле тука за време на повеќето нивни незаконски активности.

Потсовиот Ан

ps06

Во близина се наоѓал и Потовиот Ан, озлогласен хотел кој се сметал за смртоносна трапица за несреќните патници кои барале засолниште. Несреќните коишто успевале да ги преживеат нападите на бандитите, ќе побарале засолниште во хотелот, но ретко имале можност да се одјават, бидејќи сопственикот на анот, Исаја Потс и неговата сопруга, ги убивале патниците за да ги ограбат.

Били, синот на Потс

ps07

Како што е случајот и со карпестата пештера, Потсовиот ан исто така има свој добар удел во легендите и митологијата на оваа област. Според една таква приказна, Били Потс, речен пират и син на Исаја Потс, го напуштил домот на своите родители кога бил дете и се вратил како возрасен човек. Не препознавајќи го својот син, Исаја го убил сина си како што правел и со секој гостин во неговиот смртоносен хотел. Кога неговата жена го препознала карактеристичниот вроден белег, дури тогаш сфатиле што направиле.

Бандата на Логан Белт

 ps09

Последната банда криминалци кои ја тероризирале областа била бандата на Логан Белт, во периодот 1870-1880. Поручникот Логан Белт ја предводел својата банда за време на бруталниот судир со кланот на Олдхам, сѐ додека не бил убиен во доцните 1880-ти.

Државен парк

ps10

Во 1929 година, четвртина километар квадратен околу озлогласената пештера бил прогласен за државен парк. Потоа областа била проширена на територија од половина километар квадратен и е често одредиште за туристи кои се надеваат да почувствуваат дел од атмосферата на едно од најозлогласените места во САД.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено