Компјутерски истражувач при универзитетот Едит Кован развил уникатен софтвер кој автоматски може да ги препознае растенијата од една единствена фотографија на нивниот лист. Апликацијата се вика PlantNet и сѐ уште е во развој. Работи на принципот на анализирање на мноштво информации кои ги групира и споредува со карактеристичните обрасци на растенијата. Првично софтверот бил дизајниран за препознавање на флората во Франција, но сега се развива за да може да се применува во светски рамки. Ова би можело да биде одлично помагало за часовите по биологија, како и за секој ентузијаст вљубен во растенијата и природата.