Во 1835 гоина, работник од Кент, Англија, си ја рабоел својата редовна полска работа. Но, при еден удар со лопатата, таа едноставно исчезнала под земја. Очигледно, стоел над нешто шупливо, но од површината не можел да види ништо.

Се раширил гласот за ова, и локалниот учител наскоро доброволно го спуштил неговиот син Џошуа со свеќа. Тоа што неговиот син го видел под земја било мистерија која го одзема здивот.

Кога Џошуа бил извлечен на површината, тој опишал простории исполнети со стотици илјади внимателно наредени школки.

ps01

ps02 ps03

Сосема очекувано, возрасните отпрвин биле малку сомничави, но кога дупката била проширена и виделе со сопствени очи, се вџашиле. Имало премин, ротонда, комора со олтар и целото тоа нешто било покриено со мозаик од школки.

ps04

Учителот веднаш се сетил на финансиската придобивка која може да ја донесе ова место. Набрзо го откупил земјиштето и почнал да ја реновира пештерата, правејќи ја соодветна за посетители. Две години подоцна, во 1837, Пештерата на школките во МАргејт била отворена за јавноста за прв пат. И бил во право, на луѓето им се допаднало и оваа пештера и до ден денес е отворена за посетителите. Денес таму има музеј, сувенирница и кафе бар.

ps05

Но главното прашање останува да виси во воздухот: кој го изградил ова и зошто?

ps06

Со сите тие внимателно наредени школки, сосема е јасно дека некој потрошил доста време и пари за создавањето на ова. Школките се наредени во форма на сонце и ѕвезди, а засводените таваници и олтарот доведуваат до заклучок дека ова место некогаш имало религиско значење. А сепак никој не е сигурен во ова, и никој не сигурен ни колку е старо ова место.

Се претпоставува дека местото е старо најмалку 3000 години

ps07

Други теории се движат во рамките на сосема вообичаени, па сѐ до сосема откачени. Некои мислат дека било изградено од некој мрднат аристократ, некаде во осумнаесеттиот век. Други мислат дека служело како астрономски календар, или дека е поврзано со масоните и витезите темплари. Други пак упорно тврдат дека е поврзана со некаква мистериозна мексиканска култура која живеела пред 12.000 години.

ps08

Пештерите со школки всушност биле многу популарни помеѓу европските богаташи во 18. век.  Но, има еден проблем. Пештерата се наоѓа на фарма, и тоа земјиште никогаш не било дел од некој голем посед. Нема никаков запис за градежен зафат, а градењето на вакво нешто сигурно не би поминало незабележано. Кога го откриле ова, луѓето биле толку запрепастени, што некои почнале да одржуваат сеанси во надеж дека ќе стапат во контакт со духовите кои ја изградиле оваа пештера.

Посетители од триесеттите оставиле свој потпис во пештерата

ps09

Редењето на школките сигурно одзело безбројни часови макотрпна работа

ps10

Многу од школките со текот на времето го изгубиле својот сјај и претрпеле штета. Оваа реконструкција покажува како изгледала пештерата кога била изградена.

ps11

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено